Одлуката на пекарите останува во сила, и денеска нема да испорачуваат леб

Одлуката на пекарите останува во сила, и денеска нема да испорачуваат леб

И денеска на полиците во маркетите нема да има леб, велат пекарите. Тие остануваат на одлуката од понеделникот дека производство и испорака нема да има. Како што велат за МИА нивни претставници, подготвени се за разговор со надлежните институции, но тогаш кога ќе добијат официјална покана, а не „повик“ или „апел“ преку прес-конференција.