AFP, AMNA, ANSA, ATA, BTA, dpa, EFE, MIA, LUSA, STA
Податоците на Европскиот сервис за климатски промени – Коперникус покажуваат дека 22 јуни 2024 година беше најтоплиот ден во поновата историја на планетата Земја. Според Коперникус, Европа се затоплува многу побрзо од глобалниот просек во последните неколку децении, речиси двојно побрзо.
– Ова се должи на комбинација од различни фактори, изјави директорот на Коперникус, Карло Буонтемпо, во интервју со словенечката новинска агенција СТА. Еден од нив е брзото затоплување на Арктикот, кој во еден дел припаѓа на териоријата на Европа. Други причини се намалувањето на мразот и снегот на планините, како и на рамнините во Централна Европа.
Топлотните бранови во Европа стануваат се почести, поинтензивни и ќе траат подолго. – Тоа е нешто на што треба да се навикнеме, изјави Буонтемпо.
Механизмот за цивилна заштита на ЕУ се подготви за летото
Европската комисија очекува уште едно нетипично лето во Европската Унија со екстремни временски феномени, изјави Европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич за португалската новинска агенција Луса во средината на јули.
Во време кога јужна Европа се соочува со високи температури, а централна и северна Европа се соочуваат со последователни денови со дожд, словенечкиот комесар рече дека службите за цивилна заштита се подготвени да реагираат преку Механизмот за одговор на катастрофи.
Иако граѓанската заштита е национална надлежност, националните органи можат да побараат поддршка преку Механизмот на ЕУ за цивилна заштита во случај на вонредни ситуации. Сите 27 земји-членки на ЕУ и десет држави кои не се членки се дел од механизмот кој е создаден во 2001 година. Центарот на ЕУ за координација на вонредна реакција помага во решавањето на барањата за помош.
Ова лето, ЕУ воспостави специјална флота од 28 авиони за гаснење пожари и четири хеликоптери стационирани во десет земји членки. Европската комисија исто така одреди 600 милиони евра од средствата на ЕУ за да ја олесни набавката на уште дванаесет авиони, кои ќе бидат поделени меѓу шест земји во блокот.
Интензивирање на екстремните временски појави во Европа
Низ континентот, топлотните бранови и серијата пожари ги загрозуваат животите на луѓето, нивните средства за живот, животните и посевите, честопати оставајќи штети од милиони евра, а исто така влијаат и на секојдневната рутина на луѓето.
На крајот на јули, во сите региони во Шпанија, со исклучок на Канарските Острови, беше активиран „портокалов аларм“, што означува „значителен ризик“ на скалата за ниво на предупредување поради високи температури или бури, со предупредувања дека максималните температури ќе достигнат 39 до 40 степени.
Минатиот понеделник, термометар во јужна Франција се прегреа како резултат на топлиот бран. Фрацуската метеоролошка агенција Метео-Франција соопшти дека во поголемиот дел од јужна Франција „жештината се очекува да се покачи значително“ и дека во некои региони температурите ќе надминат 40 степени.
Париз е моментално домаќин на Олимписките игри, но спортски настани се одржуваат низ целата држава. Минатиот понеделник беше најави активација на планот за топлотен бран во регионот Ил-де Франс, каде „квалитетот на воздухот ќе опадне“, најави опсерваторијата Ерпариф. Регионалниот план вклучува дистрибуција на повеќе од 2,5 милиони шишиња со вода во јавниот превоз и „речиси 200,000 капи, ладала и шишиња вода“ за посетителите на Олимписките игри.
Северна Италија, од друга страна, е погодена од бури и поројни дождови кои предизвикуваат поплави и одрони во последните недели, додека јужниот дел на земјата се соочува со суши. Заменик премиерот и министер за транспорт и инфраструктура Матео Салвини, ја нарече тешката суша во Сицилија „национална вонредна состојба“.
Претходно, Националната асоцијација на Одборот за земјоделска вода (АНБИ) предупреди дека за три недели нема да има вода за земјоделството во централна и јужна Италија.
Протестите во Сицилија поради недостигот на вода се зголемуваат. Сушата доведе до намалување на резервите со вода за 60 проценти, што ги наведе локалните власти да го ограничат водоснабдувањето во главниот град на Сицилија, Палермо, како и во 50 други општини.
Словенија беше погодена од големи поплави минатата година, предизвикувајќи штета од милијарди евра и сè уште се работи на реконструкција на погодените области. И ова лето, силните дождови во тие региони предизвикаа поплави и одрони на земјиштето. Од друга страна, недостигот на врнежи во југозападниот регион Крас предизвика шумски пожар во средината на јули. Истата област беше погодена од најкатастрофалните пожари во историјата на Словенија во 2022 година.
Во Бугарија, долготраниот топол бранови исто така доведе до пожари. Од 12 јули, повеќе од 1.430 луѓе и околу 280 возила учествуваа во гасењето пожари низ целата земја. На 16 јули, Бугарија побара поддршка преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, а помош пристигна од Шпанија, Франција и Чешка. Владата работи на шеми за надомест на погодените поединци и земјоделците кои ги загубија своите посеви и планира да го измени законот за јавни набавки за да го олесни купувањето на специјализирана опрема потребна за управување со катастрофи.
На 17 јули, Северна Македонија побара итна помош во борбата против големите шумски пожари преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Помошта дојде од Србија, Словенија, Турција, Хрватска и Романија. Помеѓу јануари и јуни, државата се соочи со 73 шумски пожари. Во 2023 година, Северна Македонија регистрира 170 шумски пожари, изјави заменик генерален директор на ЈП Национални шуми, Кире Михаилов.
Соседната Албанија во јули доживеа топлотен бран и шумски пожари во јужниот дел и исто така доби помош од Грција во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Топлиот бран доведе до и ограничување на питката вода кај локалитети на културно и историско наследство.
И Грција се соочува со пожари. На Евија, вториот поголемина остров во државата, стотици пожарникари се справуваа со шумските пожари.
– Не чека тежок месец август и очигледно сите мораме да бидеме будни, изјави грчкиот премиер Кириакос Мицотакис.
Климатки промени: Причина за предвремени смртни случаи, а не адаптација
Светската здравствена организација (СЗО) процени дека ако не се преземат мерки против климатските промени, ќе се влошат четири од нејзините најголеми ефекти – екстремни временски појави, лош квалитет на воздухот, несигурност на храната и заразни болести и појава на 250.000 предвремени смртни случаи годишно помеѓу 2030 и 2050 година.
Топлотните бранови се најопасниот метеоролошки феномен поврзан со климатските промени, кои предизвикуваат 489.000 смртни случаи годишно, проценува Светската метеоролошка организација, но реалните бројки на смртни случаи поврзани со екстремните временски промени може да се и 30 пати поголеми, бидејќи многу земји немаат веродостојни податоци, што ја плаши организацијата.
Меѓународната организација на трудот (МОТ) на 25 јули соопшти дека климатските промени ја прават работата на милијарди луѓе потешка и поопасна. Иако во Европа и Централна Азија процентот на луѓе изложени на прекумерна топлина на работа е мала според глобалните стандарди, тој во изминатите 20 години сепак се зголеми повеќе отколку во кој било друг регион во светот.
Во извештај објавен од страна на Оксфам Франција во јули, невладината организација оцени дека најмалку 26 од 50 основни права, како што се здравјето, пристапот до образование или место за живеење, се загрозени во Франција поради „небрежноста на државата“ во адаптирањето на климатските промени.
Проверка на факти за екстремните временски услови: Историски топли денови и климатските прометни постојат
На социјалните мрежи, корисниците споделија стара слика заедно со временските податоци за 1921 година. Според постот, уште пред 100 години имало максимални температури до 39,4 степени Целзиусови. Во еден коментар се наведува дека тоа е факти и покрај тоа што „тогаш не постоел мит за антропогени климатски промени“.
Тимот за проверка на факти од германската прес агенција ДПА објасни дека временските податоци и самата слика се точни, но дека во врска со обвинувањето треба да се нагласи разликата помеѓу времето и климата. Времето се однесува на краткорочни настани на одредено место во одредено време, додека климата опфаќа долгорочни временски модели во подолг период и поголема област. Исто така, се вели дека и луѓето се делумно одговорни за климатските промени.
Сторијата се објавува неделно. Содржината е заснова на вести од агенциите кои учествуваат во ЕНР.