Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје – Пријавуваат едно во бизнис планот, но кога доаѓаат кај нас, констатираме нешто сосема друго – плус објект или дејност што нема никаква врска со онаа за која аплицираат. Таквите документи ги дисквалификуваме и тука нема компромис. Објаснуваме дека не смее да се отстапува од критериумите пропишани со огласот, даваме совети, консултации. Мора да се научиме како да работиме, да се држиме до строго утврдените правила и да ги почитуваме, порачува Илија Стоилев, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) која има клучна улога во распредлбата на државната поддршка и средствата од ИПАРД.

ИПАРД е клучна програма на Европската Унија во делот за земјоделство, која ги поддржува земјите кандидати.

Во интервју за МИА, Стоилев нагласува дека Агенцијата спроведува редовни контроли на исплатените субвенции. Тоа, вели, ги намалило неусогласеностите и обидите за стекнување поддршка со измама или лажно декларирање. Надградувањето на Секторот за теренска контрола ќе продолжи за да се заштити Буџетот и наменски да се користат финансиските средства.

Според Стоилев, годинава Буџетот на Програмата за земјоделство е 7,2 милјарди денари (околу 117 милиони евра), а од ИПАРД 3 се очекуваат уште околу 8 милиони евра. Интересот за ИПАРД е голем и до крајот на 2026-та договорите ќе достигнат 20 милиони евра.

Кај ИПАРД 3 прв пат е воведена можноста за авансно плаќање до 50 отсто од вредноста на инвестицијата до обезбедена банкарска гаранција од 110 проценти.

Стоилев информира дека е во тек ИПАРД 3 програмата за која досега се објавени четири јавни повици, а до крајот на годината треба да бидат објавени уште два.

– Имаме голем интерес за користење на средствата, но и повеќе предизвици кои ни ги остави претходниот менаџмент во Агенцијата. Иако преземал обврски пред авторитетите од ЕУ да акредитира три нови мерки од ИПАРД 3 Програмата, до моето стапување на должноста директор немаше никаква активност во таа насока. Но, ние не чекавме, не баравме изговори и преземавме конкретни чекори. Изготвивме процедури за новата мерка – јавна рурална инфраструктура и во напредна фаза се процедурите за мерките ЛИДЕР и Агроеколошки мерки. Значително е подобрена динамиката и ефикасноста на исплатата на средствата, вели Стоилев. (30 јули 2025)

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.