Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје – Премиерот Христијан Мицкоски утрово во Охрид оствари средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој вчера пристигна во официјална посета на Северна Македонија. 

– Имав плодна и пријателска средба со унгарскиот колега Виктор Орбан. Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка. Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за независност и суверенитет. Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво. Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Во Охрид денеска се одржа и меѓувладина седница, а според агендата, предвидена е и прошетка низ градот, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум и полагање цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј од страна на премиерите Мицкоски и Оебан. (27 септември)

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.