“`html
Братислава – Словачка ќе издвои од средствата на официјалната развојна помош 500.000 евра за купување генератори, трансформатори и компоненти на енергетска инфраструктура за Украина. Станува збор за помош на билатерална основа надвор од Енергетската заедница, која ја сочинуваат ЕУ и нејзините соседи, информира ТАСР.
Тој финансиски придонес, кој е во согласност со резултатите од заедничката октомвриска сесија на словачката и украинската влада, го одобри министерот за надворешни работи и европски прашања на Р Словачка Јурај Бланар (Смер-СД).
Министерот предупреди дека приближно три четвртини од енергетската инфраструктура во Украина се уништени според достапните извори. Република Словачка затоа презема реални чекори за помош на луѓето во Украина. „На основа на комерцијални испораки и понатаму му продаваме електрична енергија на нашиот источен сосед, која е од клучно значење за жителите. И покрај испораката на несмртоносни уреди, меѓу кои се и системите за деминирање Божена, истовремено универзални завршни екскаватори и детектори за хемиски материи, Словачка подготви уште една испорака на енергетска помош во износ од половина милион евра,“ истакна Бланар.
Прекините на електричната енергија во земјата, според податоците на Европската комисија (ЕК), траат осум до 12 часа дневно. Сегашните проценки за периодот на претстојната зима предвидуваат зголемување до 20 часа дневно. Извештајот на Мисијата на Организацијата на обединетите нации за мониторирање на човековите права во Украина (HRMMU) говори за сериозни и долготрајни последици од штетите на енергетската инфраструктура за цивилното население и цивилната инфраструктура, потсети министерството за дипломатија.
Словачкото министерство за надворешни работи интензивно комуницирало со амбасадата на Украина во Р Словачка во врска со идентификување конкретни потреби на полето на енергетиката, информираше државниот секретар на МНР Словачка Растислав Хованец. „Амбасадата во соработка со украинското министерство за енергетика подготви список на неопходни производи и уреди во хуманитарната област. Оваа помош е затоа извонредно целна, корисна за жителите и во неа директно ќе учествуваат словачки фирми,“ додаде тој.
Договорот за доделување финансиски придонес во износ од 500.000 евра го потпиша во понеделникот (18. 11.) во присуство на Хованец директорот на Словачката агенција за меѓународна развојна соработка (SAMRS) Михал Чорнак со украинскиот амбасадор во Словачка Мирослав Кастран. (19. ноември)
“`