by MIA | 04.Мар 2025 | Key Stories
Цените, како и ставовите, се менуваат. Бугарија сака да ѝ се приклучи на еврозоната и покрај екстремно десничарската опозиција во земјата. Но, жестоките протести во Софија против валутата се косат со општото прифаќање на заедничката валута во Европската Унија.
by MIA | 14.Фев 2025 | Europe in brief
Оваа соработка, како што рече Рокас, е демонстрација на трајното партнерство кои постои меѓу двете нации и нивната заедничка визија за стабилна, просперитетна и европска иднина.
by MIA | 05.Фев 2025 | Europe in brief
Потполно сме свесни за пречките коишто стојат пред нас и коишто не превенираат од отворање на преговорите за да станеме полноправна членка на Европската Унија, како што потполно сме свесни за моментот којшто диктира дека брзо мора да најдеме решение за да го истрчаме овој последен дел од 20-годишниот маратон, рече Муртезани.
by MIA | 23.Јан 2025 | Europe in brief
Премиерот веќе на двапати беше во Брисел во декември, така што има интензивна дипломатска активност во овој момент, меѓутоа, паралелно со овие дипломатски напори за надминување на прашањето со Бугарија, нашиот фокус ќе биде да се фокусираме на спроведување и испорака на реформите кои произлегуваат од Реформската агенда која неодамна беше усвоена од вашата Влада, нагласи евроамбасадорот.
by MIA | 23.Дек 2024 | Europe in brief
Јас не добивам од страна на моите соговорници контрааргументи, бидејќи контрааргумент не е знаеш треба 27 да одлучат. Зборувам за план, којшто не е план само за првиот чекор. Јас сум подготвен да разговарам за план, којшто нас ќе не однесе до крајот, бидејќи ние како држава не сме како сите кандидати, морате тоа да го признаете. Затоа што ние повеќе од две и пол децении сме дел од овој процес. Скоро две децении сме кандидати и никој досега немал билатерални договори во својата преговарачка рамка, изјави Мицкоски.