СКОПЈЕ – Амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија Михаилис Рокас изјави дека ЕУ, како партнер на Македонија, е тука со поддршка и помош од првиот момент на трагедијата што се случи во Кочани, во која 59 лица го изгубија животот, а 155 беа повредени. Со изрази на сочувство, Рокас порача дека ЕУ од самиот почеток ја исполнува својата должност да ја помогне РСМ како партнер. „Го активиравме Механизмот за цивилната заштита на ЕУ и со задоволство гледам дека многу земји членки веднаш понудија помош и ќе продолжиме да го правиме тоа“, рече Рокас, откако се напиша во Книгата на жалост која денес беше отворена и во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Амбасадорката на ЕУ во Скопје додаде дека станува збор за солидарност и дека треба, како што наведе „да се поддржуваме едни со други во вакви тешки времиња“. Амбасадорката на Шведска во Северна Македонија Ами Ларсон Јаин истакна дека е важно денес да се биде овде и да се покаже поддршка на Македонија во овие тешки времиња. Таа тоа го порача откако се напиша во Книгата на жалост и истакна: „Срцата ни се скршени поради многуте изгубени млади животи, како и поради повредените. Македонија побара помош преку Механизмот за цивилната заштита на ЕУ и тој беше активиран вчера и веќе работиме во ЕУ на пронаоѓањето начини за да пружиме поддршка. Шведските власти веќе се дел од оваа помош и наоѓаме начини да ја пружиме најдобрата можна поддршка во овие времиња. Ова е израз со кој се покажува пријателство помеѓу Северна Македонија и Шведска, како и останатите европски земји“, наведе Ларсон Јаин. Министрот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муќунски соопшти дека денес 51 лице повредено во пожарот во Кочани е испратено на лекување во странство, преку Кризната штаб кој во изминатите 24 часа го координира процесот. Додатни дваесет ќе бидат префрлени во болници во Австрија, Словенија, Хрватска, Норвешка и Унгарија.(17 март)
Рокас: Активиран Механизъм за гражданска защита на ЕС за подкрепа на РСМ
от AI | 18.мар. 2025 | Europe in brief AI
По искане на Северна Македония активиран Механизъм, потвърдено от ЕС.
