Key Stories

Војната во Украина, економските предизвици, климатските промени – многу прашања ја движат Европа. Секој петок, ќе објавуваме Тема во фокус што фрла светлина на една главна тема од таа недела. Очекувајте приказни за широк спектар на прашања и гласови од цела Европа што се различни како и политиката на ЕУ. Со нашата Тема во фокус, имаме за цел да дадеме контекст и да ви овозможиме подобро разбирање на различните европски перспективи. енр ќе даде заеднички увид во „Што ја движи Европа“. Написите се засноваат на покриеноста на ЕУ прашања од страна на агенциите учеснички. Статијата е достапна на англиски, германски и француски јазик.

„Нови решенија“ и построги акции: новости за миграцијата во ЕУ и нејзините соседи 

Реформиран Пакт за миграција и азил беше усвоен на почетокот на годината, по години на долги и тешки преговори. Неколку месеци и избори подоцна, ставот за миграцијата во ЕУ станува се построг, со повици за „нови решенија“ за справување со нелегалната миграција во пресрет на подемот на десничарски идеологии на целиот континент. 

Менталното здравје низ ЕУ: потребни се напори за подобрување на грижата и борба против стигмата 

Менталното здравје низ ЕУ: потребни се напори за подобрување на грижата и борба против стигмата 

За Светскиот ден на менталното здравје, кој се одбележа на 10-ти октомври, Европската комисија најави дека планира да спроведе нова кампања за борба против стигмата околу оваа тема. Покрај тоа што влијае на многу луѓе во блокот, нарушеното ментално здравје исто така влијае врз економијата. Каква е ситуацијата помеѓу предрасудите, социјалните медиуми и нееднаквиот пристап до помош во ЕУ? 

Европски комитет на регионите: „Секој петти“ Европеец во ризик од сиромаштија или социјална исклученост 

Европски комитет на регионите: „Секој петти“ Европеец во ризик од сиромаштија или социјална исклученост 

Европска недела на региони и градови е во полн ек, претседателот на Европскиот комитет на регионите Васко Алвес Кордеиро ја потенцираше важноста од потребата да се зајакне кохезивната политика на ЕУ-а со тоа и борбата против сиромаштија и социјалната исклученост со кои секој ден се соочуваат голем број Европејци. 

Генералниот секретар на НАТО Руте сака ЕУ да остане „единствен и суштински партнер“ низ тешките времиња

Генералниот секретар на НАТО Руте сака ЕУ да остане „единствен и суштински партнер“ низ тешките времиња

Поранешниот холандски премиер Марк Руте стана нов генерален секретар на НАТО. Со војната на Русија против Украина и потенцијалното враќање на Доналд Трамп во Белата Куќа, Руте се соочува со тежок акт на балансирање помеѓу 32-те воени сојужници на алијанса и други меѓународни партнери како што е Европската Унија.

Строги ставови кон миграцијата, нови гранични контроли: Шенген, дали си добро? 

Строги ставови кон миграцијата, нови гранични контроли: Шенген, дали си добро? 

Со зајакнување на граничната контрола во Германија на почетокот на овој месец и во услови кога и други земји членки на ЕУ размислуваат за построги правила за миграцијата, Шенген зоната на слободно движење – која нема внатрешни гранични проверки – се чини дека се распаѓа.