Опис на проектот
Европската редакција (European Newsroom – enr) е проект за соработка помеѓу новинските агенции од цела Европа – дпа, АФП, АГЕРПРЕС, АНСА, АПА, АТА, Белга, БТА, ЕФЕ, Еуропа Прес, ФЕНА, ХИНА, МИА, ПАП, СТА, Танјуг, ТАСР и УКРИНФОРМ. Агенциите-учеснички имаат можности за обука, доедукација и заеднички развој на новинарски стандарди. Алатките како што се проверките на фактите и верификацијата помагаат да се поддржи квалитетното новинарство преку спротивставување на растечкото ширење на дезинформации и пропаганда. Преку енр, на европските агенции им се дава еднаков пристап до информации, што го отвора патот за сеопфатно и разновидно известување преку државните граници.
Професионалното известување за ЕУ и Европа, дистрибуирано преку еnr, ги информира луѓето во нивните земји на непристрасен и независен начин. На агенциите им обезбедува проверени факти и професионален пристап кон вести и извори, пропаганда и лажни вести. енр може да воспостави центар на новинарски квалитет и интегритет во срцето на ЕУ.
Накратко, станува збор за европски агенции што работат заедно – на еднакво ниво и преку граници. Тоа не е само идејата зад редакцијата, туку и идејата зад обединета Европа.