Europe in Brief
Нашиот ‘Europe in Brief ’ го резимира покривањето на теми поврзани со Европа од страна на новинските агенции учеснички во Европската редакција. Преку своите најважни написи, сите агенции даваат преглед на темите кои доминираат во текот на неделата. Со поглед на нивните земји, агенциите-учеснички фрлаат светлина на тоа како се перципира политиката на ЕУ таму. Така, секој поединечен напис дава перспектива специфична за земјата поврзана со политиките на ЕУ. Земени заедно, тие даваат една вистинска паневропска слика.
Секоја енр агенција ги избира своите најдобри стории на неделата, врз основа на нивното покривање на ЕУ. За да прочитате некој од написите, ве молиме изберете го соодветниот јазик од менито. За повеќе вести од ЕУ, ве молиме контактирајте ги агенциите.
Рокас: Неопходно е обединување во државата за надминување на пречките за влез во ЕУ
Доколку се случи вантрешно обединување, ќе се надминат другите пречки – рече Рокас
Фотиу: Западен Балкан останува од стратешко значење за ЕУ, го признаваме ангажманот на Северна Македонија за усогласување со европските стандарди
Кипарското претседателство посветува внимание на редовен и отворен дијалог со Западен Балкан, а Северна Македонија останува дел од процесот на проширување на Унијата. Кипар го признава ангажманот на Северна Македонија за унапредување на реформите и во усогласувањето на европските стандарди и го охрабрува постојаниот и контиуниран напор на земјата во таа насока – рече Фотиу.
Ламерт: ЕК е посветена на проблемот на балканските камионџии и работи на него при подготовката на новата Визна стратегија
Свесни сме дека голем број професионалци од трети земји може да имаат потреба да останат во Шенген зоната повеќе од 90 дена во рок од 180 дена. Ова ги вклучува професиите со висока мобилност, како што се возачите на камиони, но исто така и спортистите и уметниците. Тоа е исто така поврзано и со националните правила и постојните билатерални договори. Ова е прашање на кое сме целосно посветени и на кое работиме и размислуваме во контекст на подготовките на претстојната Визна стратегија, што ќе ја објавиме оваа недела, изјави Ламерт.
Муратовска: Ако Брисел ги исполни барањата на превозниците ќе има огромни придобивки за економијата на Западниот Балкан
Муратовска вели дека засега нема никакви сигнали од Европската комисија за какви било преговори во однос на решавање на проблемот со евиденција на престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена за професионалните возачи.