Најчесто поставувани прашања

Што е Европската редакција?

Европската редакција (European Newsroom – enr) е проект за соработка во кој се вклучени 20 европски новински агенции. Во оваа рамка, агенциите настојуваат да се вмрежуваат и разменуваат информации, со што ќе го оживеат и збогатат нивното известување за Европа и ЕУ. На новинарите кои ја покриваат „Европа“ им требаат добри услови за работа во Брисел. Ова е една од причините зошто функционира енр. Новинарското известување за „Европа“ е од суштинско значење. Во Брисел се носат прописи што директно влијаат врз многу милиони луѓе. Кога 20 европски новински агенции, секоја со своја национална перспектива за Европа, користат заедничка редакција во Брисел, сите имаат корист од различноста на перспективите. Благодарение на ова вмрежување, се зголемува новинарскиот квалитет.

Кои агенции се вклучени во енр?

Во оваа соработка учествуваат 20 новински агенции. Тие се: ДПА, АФП, АГЕРПРЕС, АМНА, АНП, АНСА, АПА, АТА, Белга, БТА, ЕФЕ, Еуропа Прес, ФЕНА, ХИНА, МИА, ПАП, СТА, Танјуг, ТАСР и УКРИНФОРМ.

Кој има право да учествува?

Клучна работа за да се учествува е заинтересираните агенции и медиуми да се заложат за слободно и независно новинарство. Дел од договорот за учество е обврзувачки статут за сите партнери што бара фактичко и независно известување.

Дополнителни услови за учество во енр:

  • Агенцијата мора да понуди генерален сервис за вести со учество на редакциите за политика, бизнис и општество.
  • Новинската агенција гарантира дека нејзините вработени во енр се независни од влијание на трети страни. Оваа новинарска независност мора да функционира во пракса и мора да биде препознатлива во произведената содржина. Новинарите во агенциите се обврзуваат на вредностите и стандардите за квалитет на енр. Тие вклучуваат проверка, новинарска трудољубивост и транспарентност.
  • Новинските агенции-учеснички мора да бидат регистрирани во земја-членка на ЕУ или во држава која е во процес на пристапување во ЕУ. Во последната група спаѓаат Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција. Може да учествуваат и новински агенции регистрирани во Швајцарија или Норвешка.

    За што известува енр?

    Агенциите имаат задача да обезбедат сеопфатно покривање на важни настани. Брисел е место каде што се преговара за многу релевантни одлуки за Европа. Затоа сите агенции нудат континуирано известување од Брисел, со цел на нивните медиумски клиенти да им овозможат богат и повеќеслоен опсег на новинарски содржини. Агенциите во рамките на енр разменуваат идеи и развиваат новинарска содржина за заедничката веб-страница на енр, која дава преглед на најважните случувања во покривањето на Европа и ЕУ од страна на секоја агенција, гледано од перспектива на соодветната земја. Веб-страницата нуди содржини од агенциите-учеснички на германски, англиски и француски јазик. Дополнителни јазици ќе бидат додадени во подоцнежна фаза. Веб-страницата на енр ќе прикажува скратена и избрана содржина што претходно била дистрибуирана од поединечните агенции. Дополнително, во тек е изработка на билтен.

    Како е организирана соработката меѓу агенциите?

    Содржините ќе се произведуваат во редакцијата во Брисел почнувајќи од јуни 2022 година. Доколку пандемијата го наложи тоа, можна е и привремена виртуелна или хибридна соработка. На самата локација, новинарите од агенциите можат да работат еден покрај друг и директно да разменуваат и да се вмрежуваат. Основна услуга на енр ќе бидат можностите за обука и настаните. Во почетната фаза, тие ќе се одвиваат виртуелно или во хибридна форма. Работен јазик на енр е англиски.

    Освен блиската соработка, дополнителна предност на енр ќе биде споделената технолошка и инфраструктура за дистрибуција на вести, што ќе поттикне доверливо, критичко и фактичко известување од Брисел. Кога станува збор за обезбедување на партнери за интервјуирање, не треба да се потцени силата на мрежата. Ова отвора нови можности за соработка меѓу агенциите. Тоа ќе биде соработка на еднакво ниво.

    Кој има придобивки од ова?

    Постои клучен дел во проектот каде што се спојуваат интересите на ЕУ и новинските агенции. Агенциите имаат задача да обезбедат сеопфатно покривање на важни настани. Брисел е местото каде што се преговара за многу релевантни одлуки за Европа. Затоа сите агенции континуирано известуваат од Брисел, со цел да им овозможат богата и повеќеслојна понуда на своите медиумски клиенти. Европската редакција дава придонес кон еднаков пристап до информации. На крајот, сите медиуми кои користат агенциски услуги имаат корист од вмрежувањето на дописниците во Брисел.

    Како енр се бори против ширењето на лажни вести и дезинформации?

    Квалитетното новинарство делува како имунолошки систем против дезинформациите. Во овој поглед, новинските агенции и ЕУ имаат слични интереси. Агенциите се обврзуваат дека ќе известуваат со факти и независно. Постојат големи и мали агенции во Европа со многу различни економски потенцијали.

    Европската редакција дава важен придонес во обезбедувањето пристап на помалите новински агенции до извори и врвна продукциска инфраструктура во центарот за донесување на одлуки во Брисел. Во Европската редакција се планирани курсеви за обука и настани за промовирање на дигиталната компетентност на новинарите, на пример во областа на проверка на фактите, бидејќи најдобрата заштита од дезинформации и пропаганда се фактите. Тие треба да бидат претставени трезвено и на јасен начин, како што ги пренесуваат новинските агенции. Тоа е нашата работа.

    Како се гарантираат новинарската независност и различност?

    Сметаме дека е наша основна задача е да го зајакнеме фактичкото и независното новинарство. Тоа е една од клучните основи на општеството. Во овие рамки ќе продолжиме да известуваме критички и независно за прашањата поврзани со ЕУ. Нема да има никаква можност да се изврши какво било влијание врз известувањето. Секоја агенција ги произведува своите услуги и е одговорна за својата содржина. Тоа е и останува основна задача на новинската агенција – да обезбедува непартиски и независни информации за сите медиуми и институции кои се претплатени на овие агенциски услуги. Затоа е клучно во овој проект сите партнери да се заложат за слободно и независно новинарство. Кога 20 европски новински агенции, секоја со своја национална перспектива за Европа, користат заедничка редакција во Брисел, сите имаат корист од различноста на перспективите. Благодарение на ова вмрежување се зголемува новинарскиот квалитет.

    Дали агенциите во енр добиваат поддршка за нивното известување за Европа?

    Секоја од агенциите-учеснички има придобивка од вмрежувањето на новинарите. Моќта на мрежата не треба да се потцени кога станува збор за наоѓање партнери за интервјуирање. Соработката отвора сосема нови можности. За нас е важно сите агенции во редакцијата да работат заедно на еднаква основа. Оттука произлегува концептот на финансирање, кој помага во создавање на еднакви можности за сите. Истовремено, редакцијата обезбедува многу повисоко ниво на разбирање на релевантни теми и пошироки перспективи, благодарение на личното вмрежување на колегите на самата локација. Ова им користи на сите – без разлика колку е голема или мала партнерската агенција.

    Како може енр да придонесе за поголемо разбирање на ЕУ и случувањата во Европа?

    Европската редакција во голема мера ќе го подобри квалитетот на известувањето и неговата независност. На новинарите кои ја покриваат Европа им требаат добри услови за работа во Брисел. Работиме напорно за да ја постигнеме оваа цел. Новинарското известување од Брисел е од суштинско значење, бидејќи овде се носат прописи кои директно влијаат на многу милиони луѓе, не само во земјите-членки на ЕУ туку и во земјите кандидати.