Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје – Заштитата на културното наследство, вклучитечно и реставрацијата на објектот на централната зграда на „Поштата на Северна Македонија“ во центарот на Скопје, како објект од културно и архитектонско значење, беа меѓу темите на разговор на средбата на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт, Александар Николоски со амбасадорот на ЕУ во земјата, Дејвид Гир.

На средбата присуствуваа и претставници од Министерството за културa кои најавија дека ќе се направат обиди со поддршка од ЕУ за реконстуркција и заштита на овој објект, како и негово повторно ставање во функција.

– Негрижата за културното наследство доведе до овој степен да објектите кои ни се од културолошка и архитектонска важност да останат незаштитени. Тоа нема да го толерираме. Денешната средба со евроамбасадорот Гир беше токму во таа насока, оштетениот објект на централната зграда на Пошта да го реставрираме и да го заштитиме како објект кој има културна вредност во историјата на Македонија. Тоа нема да е ниту лесен потфат, ниту евтин проект. Напротив, ќе треба да се вложи многу енергија, време и пред се стручно знаење како и сериозни средства. Но, централниот објект на „Поштата“ е од огромно историско и културно значење за Македонија како еден од најзначајните објекти од времето на брутализмот и мора да биде заштитен во својата основна форма и ставен во функција, рече Николоски.

Шалтер салата во централната зграда на „Поштата на Северна Македонија“ во центарот на Скопје десет години по пожарот од 2013 година. Фото: МИА

Централната зграда на „Поштата на Северна Македонија“ во Скопје беше сериозно оштетена при пожар што го зафати објектот во јануари 2013 година. Компелксот е архитектонско дело на познатиот македонски и југословенски архитект Јанко Константинов (1926-2010), изграден во 1974 година. При пожарот беа уништени оригиналната површина на куполата, фреските – дело на академскиот сликар Борко Лазески, како и опремата и осветлувањето во главната шалтер сала на „Поштата“. (8 август)

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.