by MIA | 29.Апр 2024 | Europe in brief
Меморандумот има за цел да ги постави основите за посилна соработка и размена на информации кои ќе поттикнат создавање на заеднички регионален пазар под закрила на Берлинскиот процес и со него двете страни ја покажуваат својата посветеност за промовирање на ефикасни трговски текови меѓу членките на ЦЕФТА и поттикнувањето на регионалната економска интеграција.
by MIA | 28.Апр 2024 | Key Stories
Министрите за надворешни работи и одбрана на Европската Унија на состанокот во Луксембург во понеделникот дискутираа за дополнителна помош за Украина и санкции против Иран поради нападот врз Израел и поддршката за Русија.
by MIA | 26.Апр 2024 | Europe in brief
Основните слободи беа почитувани во кампањата, но како што се приближуваше денот на изборите, а границите помеѓу претседателската и парламентарната трка почнаа да се замаглуваат, реториката стануваше се понегативна и во некои случаи дискриминаторска одразувајќи ја политичката фрагментација и етничките поделби, посочи Стирк.
by MIA | 25.Апр 2024 | Europe in brief
За да се избере претседател во првиот круг, потребно е еден од кандидатите да освои мнозинство гласови од вкупниот број евидентирани избирачи, односно 907.159 гласови. Имајќи предвид дека никој не го доби потребното мнозинство, ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови – Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски. Вториот изборен круг ќе се одржи на 8 мај, заедно со парламентраните избори.
by MIA | 23.Апр 2024 | Europe in brief
Инвестициите за заштита на еколошкиот систем во регионот на Преспа ќе се спроведуваат преку два комплементарни проекта, „ЕУ за инфраструктурни подобрувања во регионот на Преспа“ и „ЕУ за Преспа – обнова на природните ресурси за зајакнување на одржливото земјоделие и туризам“.