Брисел – « Мора да делуваме и мора да делуваме брзо » во областа на одбраната од дронови, изјави европскиот комесар за одбрана во интервју дадено во петокот за АФП.
« Мора да делуваме извлекувајќи ги сите поуки од Украина и градејќи ја оваа анти-дронска ѕидина заедно со Украина”, продолжи Андриус Кубилиус.
Комесарот се изрази по завршувањето на видео состанокот со десетина министри за одбрана од ЕУ кои се согласија да создадат « ѕид » на одбрана од дронови по серијата на руски воздушни напади.
Украина, која разви низа способности за откривање и соборување на ројовите на руски дронови по пониска цена, исто така учествуваше и истакна дека сака да биде дел од проектот.
« Украина изгради систем на акустични сензори уште на почетокот на војната, во многу краток временски период », објаснува Андриус Кубилиус за АФП.
« Мислам дека и ние можеме да го направиме тоа доста брзо », додава тој, прецизирајќи дека сака Киев да биде « вистински партнер » во оваа иницијатива. (26 септември 2025)