Скопје – Владата, на предлог на Секретаријатот за европски прашања, денеска во рамки на 12. седница, ја разгледа и усвои Информацијата за статусот на подготовка на Реформската агенда 2024-2027, во рамки на Планот за раст за земјите од Западен Балкан.
Како што соопшти владината прес служба, задолжени се надлежните институции, да ја финализираат нацрт-реформската агенда 2024-2027, која потоа ќе се достави до Европската комисија. Реформската агенда претставува сеопфатен пакет на мерки за постигнување на предвидените цели, за што е предвидена е исплата на финансиска поддршка од ЕУ два пати во годината, која е условена со реализација на квалитативни и квантитативни чекори поврзани со мерките за периодот од 2024-2027 година.
За Северна Македонија, приоритетни области коишто се договорени со ЕК се однесуваат на: 1. Управување/ Реформа на јавна администрација и Управување со јавните финансии, 2. Дигитална, Енергетска/ Зелена транзиција, 3. Човечки капитал, 4. Деловно опкружување и 5. Владеење на правото.
– Во Реформската агенда ќе треба да се утврдат и приоритети за инфраструктурни инвестиции (преку WBIF), коишто треба да се однесуваат на: транспорт, енергетика, дигитална трансформација и човечки капитал, коишто се прифатливи за финансирање преку Механизмот на Планот за раст, се наведува во соопштението од Владината седница.
MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.