Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје – Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со Анжеј Франгеш, специјален претставник на Словенија во Северна Македонија, на која ги нагласи одличните повеќедецениски билатерални односи меѓу двете држави и динамиката на средби на сите нивоа, како најголема потврда за заемната желба за поблиско поврзување.

– Во текот на средбата претседателот Гаши ги истакна заложбите на Словенија за прашањето на проширувањето да остане високо на агендата на ЕУ, како и поддршката што ја дава на нашата држава на патот кон ЕУ. Искуствата покажуваат дека процесот на проширување е единствената алатка за обезбедување просперитет, безбедност и стабилност на европскиот континент, и како таква треба да продолжи со уште поголем интензитет, се наведува во соопштението од собраниската прес-служба.

Франгеш, пак, му честитал на Гаши за досегашната работа како претседател на Собранието и искажал подготвеност за натамошно интензивирање и продлабочување на комуникацијата и соработката на теми од заемен интерес.

Франгеш истакна дека од особено значење е процесот на отворање на преговарачките поглавја да отпочне што поскоро и земјата да се приклучи кон ЕУ, за што Словенија ќе дава постојана отворена и силна поддршка на Република Северна Македонија. (12 февруари)

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.