Скопје – Амбасадорот на ЕУ во државава Дејвид Гир изјави дека нема да се намалат финансиските средства определени за Националната агенција за Еразмус+, како и дека програмата од која придобивки имаат младите, ќе продолжи понатаму да се имплементира.
Во одговор на новинарско прашање за барањето на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) за поврат на 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ Гир рече дека очекува државава да продолжи да ги испорачува препораките дадени од ОЛАФ.
Евроамбасадорот вели дека согласно стандардните процедури не ги коментира одлуките донесени од ОЛАФ, бидејќи како што рече, тоа е тело на Европската унија за истражување измами.
– Очекуваме од страна на Националната агенција за Еразмус+ тука во Република Северна Македонија да продолжи да ги испорачува и да ги исполнува сите препораки коишто се дадени од страна на ОЛАФ. Се разбира дека ние продолжуваме да имаме доверба во работата на самата Агенција за Еразмус+ што значи дека остануваме убедени дека количеството на финансиски средства кои што се определени за Еразмус+ нема да се намалува, напротив ние сме среќни да споделуваме со вас дека Еразмус+ ќе остане да се имплементира и од неа ќе имаат придобивки младите, учениците, студентите и универзитетите во вашата земја, рече Гир.
MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.