Скопје – Ја нагласуваме важноста од континуирано спроведување на Охридскиот рамковен договор, кој повикува на целосно почитување на принципот на недискриминација и еднаков третман, особено во јавната администрација, велат од Делегација на ЕУ во Северна Македонија, прашани за став во врска со одлуката на Уставниот суд за укинување на „балансерот“.
– ЕУ Делегацијата ја нотира одлуката на Уставниот суд. Одлуката на Судот доаѓа откако Владата ги објави своите намери да го реформира системот и да го замени Балансерот. Очекуваме да ги видиме предлозите, наведуваат од Делегација на ЕУ.
Уставниот суд на Северна Македонија во средата донесе одлука за укинување на алатката за вработување во државните институции според национална припадност наречена „балансер“.
„Балансерот“ беше веб-алатка при Министерството за информатичко општество и администација преку која електронски се вршеше распределба на планираните нови вработувања, согласно принципот на соодветна и правична застапеност. Алатката беше изработена согласно Законот за вработени во јавниот сектор, што започна да се применува од 2015 година и кој предвидува воспоставување механизам за „постигнување на уставното начело за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците, на ниво на секоја од институциите во јавниот сектор, а врз основа на потребите на самите институции изразени преку годишни планови за вработување“. (10 октомври)
MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.