Скопје – Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и одобри кредит на скопската „Комерцијална Банка“ во износ од 3,5 милиони во рамки на Програмата за финансирање на зелена економија (ГЕФФ) за поддршка на инвестиции за енергетска ефикасност на индивидуални домаќинства, објекти за колективното домување и бизниси кои нудат услуги во секторот на зелената енергија. Проектот е кофинансиран од Европската Унија преку Инвестициската рамка за Западниот Балкан (ВБИГ) и Јапонија преку Фонд за соработка на ЕБОР.
Претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо по потишувањето на договорот за кредитот, изјави дека Банката е горди што ја продолжува поддршката на Северна Македонија во транзицијата кон зелена енергија, преку финансирање на енергетски ефикасни објекти.
– Овој проект придонесува кон зелена и одржлива иднина на Северна Македонија и обезбедува директни бенефити за граѓаните. Со намалување на сметките за енергија и обезбедување на покомфорни домови, значително се подобрува квалитетот на живеење, изјави Рено-Басо.
Со средствата од кредитот ќе се поддржуваат инвестиции во опрема која штеди енергија, како што е изолација, прозорци, топлотни пумпи и соларни панели, со што ќе се намалат емисиите стакленички гасови и трошоците за енергија.
ЕБОР е најголем институционален инвеститор во Северна Македонија и досега има инвестирано над 2,9 милијарди евра во 190 проекти во земјата. Претходно денеска во ЕБОР и македонскиот оператор за електропреносен систем МЕПСО потпишаа договор за кредит од 26,4 милиони евра наменети за зајакнување на преносната мрежа. (23 јули)
MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.