Скопје – Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) одобри 8 милиони евра кредит на „Шпаркасе банка – Скопје“ наменет за поддршка на зеленото финансирање во Северна Македонија во рамки на Програмата за зелен развој (ГФФ).
Средствата ќе бидат неменети за кредитирање на мали и сред претпријатија за реализација на инвестиции во обновливи извори на енергија и проекти кои ја поддржуваат енергетската ефикасност и транзицијата на земјата кон позелена и поконкурентна економија.
Програмата за зелено финансирање (ГФФ) има за цела да обезбеди достапно зелено финансирање на малите и средните претпријатија и на лицата кои немаат пристап до кредитирање, во насока на намалување на емисиите на стакленички гасови и загадување на воздухот, согласно климатските цели на Северна Македонија и пристапот за Зелена економска транзиција на ЕБРД.
Проектот е целосно усогласен со Парискиот климатски договор и ќе биде поддржан со техничка помош и инвестициска поддршка. (18 декември 2025)
MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.
