Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје – Одбраната на владеењето на правото, демократијата и единството се принципите во сржта на она што значи Европа и ги прави врeдностите на ЕУ. Веруваме дека се тоа се уште причините поради кои земји како Северна Македонија сакаат да и пристапат на ЕУ. Низ различни области овој концепт на демократијата на владеење на правото ќе се применува, а ќе се применува и во политиката на проширување. 

Ова го истакна белгискиот амбасадор Фредерик Мерис презентирајќи ја Програмата и приоритетите за работата на белгиското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јануари – јуни 2024 година, на заедничка седница на собраниската Комисија за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции ќе бидат претставени приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ.

Подвлекувајќи го актуелниот контекст во кој се одвива нивното претседавање како војната во Украина, драматичната ситуција во Газа, енергетската криза, климатските промени, тој наведе дека Белгија како приоритети има шест главни теми, покрај одбраната на владеењето на правото, демократијата и единството се и конкуретноста на економијата, спроведување на социјалната и здравстевната агенда за покохерентен систем во рамките на Унијата, агенда за пристап кон пазарот на трудот, борба против организираниот криминал и заштитата на граници и глобална Европа. (9 февруари)

ЕИБ Глобално инвестира рекордни 1,2 милијарди евра во Западен Балкан во 2023 година

Скопје – ЕИБ Глобално, финансиски огранок на Европската инвестициска банка (ЕИБ) за активности надвор од ЕУ, инвестираше рекордни 1,2 милијарди евра низ Западен Балкан во 2023 година или 365 милиони евра повеќе отколку во 2022.

Инвестициите беа наменети за проекти за одржлива и енергетска транзиција што го поддржуваат пристапот на регионот во ЕУ, економските, климатските и напорите за поврзување.

Европска инвестициска банка. Фото: МИА Архива

– Средствата поддржуваат проекти во рамките на Економскиот и инвестицискиот план и иницијативата Глобална порта, стратешките инструменти на ЕУ за премостување на постојните инфраструктурни празнини и подобрување на животниот стандард. Во соработка со ЕК, обезбедиме грантови во износ од 475 милиони евра во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан и Иницијативата на ЕИБ за јакнење на отпорноста на економијата“, рече Киријакос Какурис, потпретседател на ЕИБ одговорен за регионот. (9 февруари)

Битиќи: Наша цел е интеграција во ЕУ и за тоа нема компромис

Скопје – Европскиот фронт, европскиот дух и желбата на две третини од населението да ја види земјата интегрирана во ЕУ не прави оптимисти дека следната влада ќе ја предводи СДСМ, рече вицепремиерот за економски прашања и потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во интервју за Алсат М Телевизија.

– Ние не правиме компромиси со идеологијата и духот на евроинтеграциите. Решени сме, нашата иднина е во ЕУ и ќе направиме се што е потребно на овој пат. Долгорочната цел на оваа држава е да биде место во кое сите сакаат да живеат, а среднорочна цел е интеграција во ЕУ, тука нема да има компромис со СДСМ, рече Битиќи. (8 февруари)

Оваа компилација претставува избор на уредникот од вестите на МИА поврзани со Европа. МИА е одговорна за уредувањето за оваа публикација.