БРИСЕЛ – Недостатокот на потпретседателката на Комисијата Дубравка Шуица да не пријави средби што ги имала со лобисти не беше со намера да ги скрие и беше многу брзо исправен, изјави во петокот портпаролката на Комисијата Јердис Фероли.

„Немаше никаква намера да се скрие нешто од јавноста“, рече Фероли на новинарско прашање да го коментира писмото на петмина пратеници на Зелените кои бараат казнување на потпретседателката Шуица.

Германскиот неделник Шпигел неодамна објави дека потпретседателката на Комисијата за демократија и демографија не пријавила најмалку 19 состаноци што ги имала со лобистичките групи помеѓу 2020 и 2023 година.

Како резултат на тоа, петмина европратеници од клубот на Зелените испратија писмо до претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен од која бараат Шуица да биде казнета и тврдат дека потпретседателката имала седум состаноци со лобисти кои не се регистрирани во Регистарот за транспарентност.

Портпаролката на Комисијата Јердис Фероли на новинарско прашање потврди дека Комисијата го добила тоа писмо и дека ќе одговори на него во соодветен рок.

Рече дека кабинетот на Шуица спровел анализа и заклучил дека два состаноци требало да се пријават во Регистарот за транспарентност, еден со претставниците на YouTube и друг со организацијата „Европското здружение за локална демократија“.

„И двата состаноци беа побарани во последен момент и не беа објавени поради грешка на службеникот. Тоа е жална пропуст и грешка на кабинетот, која сега е исправена“, рече Фероли.

Таа додаде дека сите 19 состаноци кои се споменуваат беа спонтани средби на маргините на други настани на кои Шуица учествуваше.

Заменичката на главниот портпарол на Комисијата Ариана Подеста додаде дека кабинетот на Шуица брзо го исправи пропустот и пријави сите состаноци не само оние кои бараат објавување.

„Во духот на транспарентноста сега се пријавени сите состаноци и намерата навистина не беше да се скрие нешто од јавноста бидејќи тие средби потпретседателката сама ги објави на социјалните мрежи“, рече Подеста. (25. октомври 2024 година)