Скопје – Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) утре во Битола ќе отвори Еразмус+ инфоцентар кој ќе биде креативен простор за информирање и вмрежување на сите Еразмус+ корисници и млади лица.
Од Агенцијата велат дека инфоцентарот ќе биде „почетокот на нова приказна од каде ќе произлезат нови идеи и можности преку Еразмус+“.
-Инфоцентарот ќе биде креативен простор на младите, каде што нивните идеи ќе бидат слушнати и ќе се информираат за сите новости од НАЕОПМ, соопшти Национаната агенција.
На отворањето на инфоцентарот ќе бидат претставени дела на младата уметница Јана Танчевска, ќе има дегустација на македонски вина и музичка програма на учениците од музичкото училиште во Битола.
MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.