AFP, ANSA, APA, BTA, CTK, dpa, EFE, Lusa, STA
Претседавањето на Унгарија со Советот на ЕУ, кое започна на 1 јули, беше контроверзно од самиот почеток. Ненајавената посета на нгарскиот премиер, Виктор Орбан, со рускиот претседател Владимир Путин предизвика дополнително вознемирување низ ЕУ.
ЕУ реагира: И покрај несогласувањата во блокот, високиот дипломат на ЕУ, Жосеп Борел, најави бојкот на неформалниот министерски состанок кој требаше да се одржи на крајот на август во Будимпешта. На прес-конференција во Брисел, во понеделникот, тој рече дека ќе свика неформален состанок во Брисел по летните одмори.
Претседателката на Европската омисија, Урсула фон дер Лајен, исто најави бојкот, наредувајќи им на комесарите да ја прескокнат серија состаноци во Унгарија. Таа најави дека на идните неформални министерски состаноци под водство на актуелното унгарско претседателство на Советот на ЕУ нема да учествуваат комесари, туку само високи функционери.
„Мировната мисија“ на Орбан
Контроверзните одлуки на фон дер Лајен и Борел после посетите на Орбан, неколку деа откако Унгарија го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ, не беа донесени во координација со ЕУ. Орбан се сретна со претседателот на Украина, Вoлодимир Зеленски, во Киев, а потоа со претседателот на Руsија, Владимир Путин, во Москва, маскирани како „мировна мисија“ за решавање на војната помеѓу двете земји. Потоа отпатува во Пекинг, на разговори со лидерот на Кина, Си Џинпинг, како и во САД, на средба со поранешниот американски претседател и сегашен републикански кандидат, Доналд Трамп.
Посетите предизвикаа големо незадоволство во ЕУ, главно затоа што Кремљ ја искористи посетата до Москва за пропагандни цели, користејќи ја како доказ за некакво подобрување на односите меѓу Русија и ЕУ. Покрај тоа, Орбан не ја разјасни позицијата на ЕУ за војната во Украина за време на патувањето.
Европската комисија во повеќе наврати јасно кажа дека Орбан не патува во име на блокот.
Земјите-членки на ЕУ не се усогласени во нивниот одговор
Прашањето за политички бојкот на унгарското претседавање со Советот на ЕУ доминираше на состанокот на надворешни министри, кој се одржа во понеделникот во Брисел. Голем број учесници се спротивставија на предлогот на Борел за бојкот на состанокот во Будимпешта.
Министерот за надворешни работи на Луксембург, Хавиер Бетел, беше најгласниот критичар на плановите за бојкот. Тој рече дека плановите се бесмислени и повика политичарите да патуваат во Будимпешта за да ги објаснат своите ставови на унгарската влада. Земји како Шпанија и Словенија исто така се спротивставија на плановите на Борел.
Словен министерка за надворешни работи, Тања Фајон, во понеделникот најави дека словен министри планираат да учествуваат на неформалните состаноци под водство на унгарско претседателство на Советот на ЕУ во Будимпешта.
Таа додаде дека сè додека не се донесе дополнителна колективна одлука на ниво на ЕУ, ова останува како нивен план. Што се однесува до „мировната мисија“ на Орбан, Фајон истакна дека дури и ако е добронамерна, унгарскиот премиер сигурно нема мандат во ЕУ.
„Сакаме преговорите да започнат и војната да заврши што е можно поскоро, според украинските услови. Но, денес сè уште не сме до таа точка. Ние го поддржуваме и ќе продолжиме да се стремиме кон кој било план базиран на Повелбата на Обединетите Нации и меѓународното право“, истакна Фајон.
Бугарската европратеничка Ева Мајдел рече: „Видовме дека Орбан ја посети Русија, но исто така и Украина. Знаеме дека во последниве години [рускиот претседател Владимир] Путин пробува да се осигури дека Европа не е обединета“. Сите чекори на Путин, со кои пробува да не подели, не обединуваат и зближуваат-додаде таа.
Позади сцената, според одредени дипломати, министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, и претставници на земји како што се Франција и Италија излегоа со слични ставови. Од друга страна, земјите од северно-источна Европа како Полска, Литванија и Шведска пред неколку дена најавија дека привремено ќе престанат да праќаат министри во Унгарија, како одговор на едностраната акција на Орбан.
Австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг се држи до свој веќе изразен став спротивставувајќи се на бојкотот на унгарското претседателство на ЕУ во протест против соло дејствувањето на премиерот Виктор Орбан, изјави портпаролка за австриската прес агенција АПА.
Португалскиот министер за надворешни работи Пауло Ранжел ја отфрли идејата за политички бојкот, но ја призна „политичката важност“ на португалските министри да отсуствуваат на состаноците во Будимпешта.
„Тоа што ќе го кажам сега е предмет на постојана ревизија. Ние [Португалија] ќе имаме политичка застапеност [на неформалните состаноци], но не на министерско ниво […]. Тоа има политичко значење, но тука нема политички бојкот“, одговори Рангел за ова прашање.
Унгарското претседателство ги отфрла критиките
Министерот за Европски прашања на Унгарија, Јанош Бока, се спротивстави на одлуката за бојкот и рече дека комисијата не може да „избере“ со кои земји-членки на ЕУ сака да соработува. Дали сите одлуки на комисијата сега се засновани на политички разгледувања?-тој пиша на платформата X.
„Ова е хистеричен и координиран напад против мировните политики на Унгарија, со што комплетно се игнорираат фактите“, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Портпаролот на унгарската влада, Золтан Ковач, рече дека Унгарија се соочува со „агресивна, воена хистерија“ околу нејзината „мирна мисија“ и дека дебатата дали да се спротивстави на неформалниот состанок во Будимпешта е „детинска“.
Ковац забележа дека Унгарија е „подготвена“ да го одржи состанокот, „но исто така е подготвена да присуствува ако се одржи во Брисел“, напиша тој во порака на својата официјална сметка на платформата X.
Заседанието на министрите за надворешни работи и одбрана на ЕУ е закажано на 28-29 август во Будимпешта. На состанокот ќе бидат опфатени голем број теми, вклучувајќи ја и војната во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, Сирија и прашањето за Кипар.
Сторијата се објавува неделно. Содржината е заснова на вести од агенциите кои учествуваат во ЕНР.