Скопје – Во 2022 година на последниот состанок во Тирана постигнавме клучни чекори, меѓу кои е и нашата плодна соработка околу програмата „Еразмус плус“, како и стратегиите за паметна специјализација. Заеднички ги обединивме сите напори за Агендата на ЕУ за Западен Балкан за иновации, истражување, култура, млади и спорт, и заедно обезбедуваме младите генерации да можат да извлечат целосна придобивка од овој процес, порача денеска Илијана Иванова, еврокомесар за иновации, истражување, култура, образование и млади.
Таа во своето обраќање на отворањето на министерскиот состанок за Агендата на ЕУ за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт, што се одржа во Скопје, во организација на Делегацијата на Европската Унија, посочи дека ги почитува нашите напори и посветеност во спроведувањето на стратегиите на Агендата на ЕУ.
– Годинешната министерска патформа за култура е нашето второ издание, и посветени сме на тамашните зајакнувања на соработката на ова поле. Тука можам да ја напоменам нашата програма „Креативна Европа“ која постои од 2020 година, и каде што градовите од државите од Западен Балкан можат да се пријавуваат за европски градови на културата. Нови Сад веќе претстави одлична културна програма од 2022 година и со нетрпение чекам да видам што ќе понуди Скопје во 2028 година, рече Иванова.
Таа потенцира дека забележува „одмерен моментум за процесот на проширување“ и ги поттикнува сите од регионот да ги имплементираат сите критериуми наведени во Агендата на ЕУ.
– Ги обединивме сите заеднички напори за Западно Балканската агенда за иновации, истражување, култура, млади и спорт, за да ја забрзаме конверзацијата на вашите стопанства кон ЕУ и заедно обезбедуваме највредниот капитал на регионот, младите генерации, да можат да извлечат целосна придобивка од овој процес. Изминавме долг пат, ни претстои уште многу работа и очекувам инспиративна размена на мислења тука во Скопје, посочи Иванова. (30 септември)
MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.