Брисел – Умерена подготвеност на земјава е генералната оценка на ЕК во најновиот Извештај. Забележан е издржан напредок. Потребна е имплементација на законите, наместо ад хок иницијативи. Во економските критериуми е наведен добар напредок, а во усогласеноста на со европската надворешна и безбедносна политика има многу добар прогрес.
-Северна Македонија го отпочна преговарачкиот процес со првата политичка меѓувладина конференција што одамна требаше да се случи, ова е пробив за земјата, изјави вчера еврокомесаротВархеји.
Забележа дека е важно земјата да го задржи реформското темпо и да го искористи процесот на скрининг, а за најлошата оценка за слободата на изразување и на медиумите нагласи дека е е потребно да се донесат законските реформи, кои се на маса веќе неколку години.- Се надевам дека конечно опозицијата и Владата ќе најдат начин да се договорат во Собранието за овие реформи, рече Вархеји. (13 октомври)
ЕСМ уверува ако има поскапување на струјата ќе биде минимално
И да има поскапување на струјата по Нова Година, тоа ќе биде минимално. Значително се намалени трошоците за производство на електрична енергија и со помош од државата се намалува продажната цена, уверуваат од ЕСМ.
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски вчера изјави дека со направените вложувања во изминатиот период во сопствена опрема и работата на рудниците на ЕСМ, со рационализација и операционализација на трошоците, намалена е производната цена на РЕК „Битола“ на околу 58 до 60 евра за мегават час произведена електрична енергија.
Еврокомесарот Оливер Вархеји, вчера изјави се работи на поширок пакет за енергетски спас за целиот Балкан, кој би требало да биде им презентиран на лидерите во ноември на самитот на Берлинскиот процес.(13 октомври)
Кацарска за МИА: Генерално позитивен тон на извештајот, загрижуваат негативните проценки за капацитетите за управување со ЕУ-фондовите
Скопје – Очекувано е тоа што ЕК во извештајот генерално држи позитивен тон во однос на посветеноста на властите на ЕУ агендата, со оглед на тоа дека имавме пробив во јули во однос на процесот на отворање на преговорите и формален почеток на скрининг процесот, вели за МИА директорката на Институтот за европска политика (ЕПИ) Симонида Кацарска.
Кацарска оценува дека во повеќето поглавја има одреден напредок и, вели, ако погледнеме споредбено со минатите години, нивото на подготвеност за преземање на обврските од членството останува релативно исто.
– Дополнително, исклучително загрижуваат негативните проценки на Комисијата во однос на капацитетот за управување со средствата од претпристапните фондови кои се повторуваат неколку години по ред, вели за МИА директорката на ЕПИ Кацарска. (13 октомври)