Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје – “Имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки и јасно израени ставови и за тоа не треба да имаме никакви дилеми. Во европскиот предлог имаме дефинирани позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик. Ова беше најважното прашање за нас и затоа сакам да сум кристално јасен. Македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на ЕУ без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања и астериски“, изјави премиерот Димитар Ковачевски по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Клубот на пратениците, во рамки на широките консултации во врска со францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на Република Севеерна Македонија со ЕУ.  

Ковачевски истакна дека предлогот ги става билатералните и историските прашања надвор од преговарачката рамка. (3 јули)

Мицкоски: Ковачевски да го одбие предлогот, а јас ќе го повлечам барањето за предвремени избори.

Скопје – Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека фрацускиот предлог не е прифатлив.

“Ниту за мене лично, ниту пак за ВМРО-ДПМНЕ, овие два документи вакви какви што се прифатливи. Му понудив на Ковачевски да излезе и да го одбие ова коешто е доставено како предлог, а јас да се повлечам од барање за предвремени парламентарни избори. И трета работа, му понудив, ако толку верува дека е обезбеден идентитет, тогаш најпрвин во делот од заклучоците од првата меѓувладина да бидат избришани члениот 11 и членот 14“, изјави Мицкоски по средбата со премиерот Ковачевски.

Во текот на викендот илјадници граѓани се собраа пред зградата на Владата на РСМ да го изразат својот револт од предлогот за старт на преговори изготвен од француското претседателство. (3 јули)

За претседателот Пендаровски, францускиот предлог нема да биде ниту триумф ниту дебакл, но е прифатлив.

Скопје – Модификуваниот француски предлог е транзиционен компромис за една од фазите на европските интеграции, во која три елементи се битни и затоа предлогот во овој формат е прифатлив, изјави претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност.

“Со тоа ја креваме бугарската блокада која трае повеќе од две години и дозволува формално отворање на преговорите. Остануваме на европскиот колосек, кој е долг, а до ов ој момент не губиме ништо и сега е време да го отвориме стратешкиот дијалог овде, рече шефот на државата. Пендаровски смета дека со прифаќањето на модификуваниот француски предлог би се донела одлука само да ги отвориме преговорите со ЕУ. Одлуката да се прифати модификуваниот француски предлог нема да биде ниту историски триумф, ниту историски неуспех или дебакл“, изјави претседателот Пендаровски по средбата на Советот за безбедност посветен на предлогот од француското претседателство. (3 јули)

Оваа компилација претставува избор на уредникот од вестите на МИА поиврзани со Европа. МИА е одговорна за уредувањето за оваа публикација. Се објавува секој понеделник и четврток.