Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

AGERPRES, ATA, BTA, dpa, FENA, HINA, MIA 

Зелените движења се во пораст на Западениот Балкан и регионот? Дали би можеле да успеат и имаат улога во иднина на животната средина на регионот?

За разлика од северозападна Европа, зелените партии и организации во југоисточна Европа постигнуваат послаби резултати на избори од нивните противниците. Се чини дека гласачите во југоисточна Европа потешко да се мобилизираат околу еколошки прашања. Сепак, свеста за климатските прашања е во пораст.

Земјите од Западен Балкан во 2020 година на самитот во Софија, Бугарија, ја потпишаа Декларацијата за Зелената агенда. Со оваа декларација се обврзаа да ја намалат употребата на јаглен, како дел од Европскиот зелен договор за климатски неутрална Европа до 2050 година.

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок-членка на Зелената партија во Германија-ги повика земјите од Западен Балкан да соработуваат заедно за енергетската безбедност и да преминат кон користење на обновливи извори на енергија.-Русија ја користи енергијата како оружје, рече таа.-Доведување на зелената транзиција на вистинскиот пат е во наш заеднички интерес затоа што сите имаме корист од чиста и безбедна енергија, рече министерката која присуствуваше на Конференцијата за Западен Балкан во Берлин на 21 октомври.

Босна и Херцеговина: Расте еколошката свест, но има недостиг на политичка волја

Како активен член на Енергетската заедница, која ги зближува Европската Унија и голем број од нејзините соседи во регионот на Балканот и Црното Море, Босна и Херцеговина се обврза да спроведе реформи во енергетскиот сектор и да ги усогласи своите политики со земјите-членки на ЕУ. Но, досега нема направено многу во овој поглед бидејќи само три проценти од произведената енергија доаѓа од обновливи извори на енергија, наспроти 60 проценти од енергијата која доаѓа од јаглен минатата година. Енергетската заедница ја критикуваше Босна, со оглед на тоа дека декарбонизацијата е еден од предусловите за пристап кон ЕУ.

Со само еден документ кој ја прикажува стратешката рамка за енергетска транзиција, клучниот проблем е недостигот на политичка волја. Зелените и останатите партии во Босна и Херцеговина во главно се фокусираат на проблемите со животна средина, но недоволно за успешно да се разликуваат од другите партии.

Сепак, еколошката свест расте и граѓаните сè повеќе се вклучуваат во борбата за заштита на животната средина на локално ниво. Партијата на зелените во Босна и Херцеговина, која беше основана во март, освои само еден мандат во Собранието на Република Српска.

Северна Македонија: „Потпиши против рудникот на смртта“

Во Северна Македонија од околу 60 регистрирани политички партии, само една е декларирана како зелена партија – Демократска обнова на Македонија (ДОМ), која има еден пратеник во Собранието. И покрај тоа, земјата во последните години беше сведок на повеќе еколошки акции и протести.

Еден од најистакнатите случаи беше протестот против отворањето на рудникот за злато и бакар „Иловица-Штука“. Кон средината на август оваа година, активистите за заштита на животната средина почнаа да собираат потписи за петиција против отворањето на рудникот, под слоганот „Потпиши против рудникот на смртта“.

Владата во 2014 година и додели две концесии за рудникот на канадската корпорација Еуромакс Рисорсис. По повеќегодишни протести на активистите за животната средина, новата Влада во декември 2019 година ја укина една од концесиите и еднострано го раскина договорот, со образложение дека компанијата не ја обезбедила потребната документација. По ова, Управниот судот во март 2023 година одлучи во корист на Еуромакс Рисорсис против одлуката на владата. Во јуни 2023 година, Владата одлучи да ги спои двете концесии за рудникот во една. Според Министерството за економија, евентуалното непостапување на пресудата од Управниот суд може да резултира со нови судски постапки, кои ќе имаат сериозна штета на буџетот преку можни арбитражни постапки пред меѓународни судови. Сепак, по 20-тина дена Владата ја повлече одлуката за спојување на две концесии во една.

На локалните избори во 2021 година настапи независната листа на активисти и невладини организации за заштита на животната средина, основните човекови права и правата на животните, под името „Зелен хуман град“ (ЗХГ), која освои две места во Советот на Град Скопје. Во изминатите две години, ЗХГ, меѓу останатото, се избори за обезбедување повеќе средства од градскиот Буџет за преработка на пластичен отпад, за мапирање на загадувањето на воздухот, за компостирање на органски отпад, како и за подобри услови за згрижување на бездомните животни.

Последната дива река во Европа: Националниот парк Дива река во Албанија

Во март 2023, реката Вјоса во Албанија беше прогласена за прва дива река во Европа. Кампањата за нејзина заштита беше поддржана од национални и меѓународни невладини организации и со помош на славни личности како Леонардо ДиКаприо.

Постојат дополнителни кампањи за заштита на другите албански природни живеалишта, како што се лагуните Нарта и Караваста. Овие проекти се во голема мера поддржани од странски организации, како и амбасади и Делегацијата на Европската Унија. Албанската влада исто така ја прогласи заштитата на животната средина како национален приоритет.

Исто вреди да се спомне и „Посади дрво“кампањата на Тирана, главниот град на Албанија. Градскиот совет објави дека околу еден милион нови дрвја биле засадени како дел од иницијативата Орбитална шума.

„Зелените политики се во втор план“ во Бугарија, предупредува Движењето на зелените

Лидерите на Бугарското Движењето на зелените, Даниела Божинова и Тома Белев, во интервју на 21 ноември изјавија дека во име на најголемите цели на Бугарија, како што е приклучувањето кон еврозоната и Шенген, зелените политики се вратиле на втор план. Движењето на зелените е дел од коалицијата на Демократска Бугарија и поголемата

коалиција за поделба на власта Промените продолжуваат-Демократска Бугарија, држи четири места во Собранието. Божинова и Белев истакнаа дека нивната партија е нееднакво застапена во групата и бараа подобрување на нивната позиција во групата со цел да се врати зелената политика на преден план.

Движењето на зелените е дел од Европската зелена партија и планира да учествува на европските парламентарни избори во 2024 година, со цел да еден свој член на Европскиот парламент. Во сегашниот состав на парламентот партијата успешно го спречи обесшумувањето со отфрлање на предлог-законот за обесшумување на голема количина од локалните шуми.

Оваа партија дојде до израз за време на кратката осуммесечна влада на Кирил Петков (13 декември, 2021 година-2 август, 2022 година), кога нивниот лидер Борислав Сандов беше министер за животна средина. Во овој период, владата воведе строга еколошка легислатива, со која ги казнуваше загадувачите и назначи нови заштитени подрачја.

Независната организација-Екогласност одигра клучна улога во падот на комунистичкиот режим во Бугарија. На 3 ноември 1989 година во Софија, беше главен противник на тоталитарното владеење на Тодор Живков. Активисти се спротивставуваа на проектите за изградбата на централи за производство на хидроелектрична енергија на реките Рила и Места и повикуваа на реформи. Комунистичката партија го отстрани Живков на 10 ноември 1989 година.

Романија инвестира во рециклирање

Една од најновите иницијативи на владата на Романија е проектот за рециклирање (СГР). Романскиот премиер, Марсел Чолаку, најавил дека почнувајќи од 30 ноември, овој проект ќе биде втор по големина во Европа, после Германија, во одност на бројот на обработени амбалажи.

„Воспоставувањето на РетуРо собирните места ќе отвори повеќе од 600 работни места до крајот на следната година и ќе донесе различни инвестиции за транспорт и рециклирање хоризонтално и вертикално,“ рече Чолаку. РетуРо е „непрофитна“ фирма, што значи дека секоја заработка остварена од собирањето на амбалажи ќе се инвестира исклучиво во развојот на системот за враќање на отпадот.

Иако во Романија нема еколошки политички партии на власт, постојат бројни организации кои промовираат здрава и еколошки урамнотежена животна средина. Меѓу десетте партии кои се регистрирани да ја следат „зелената доктрина,“ Зелената Партија, членка на Европска зелена партија, ужива популарност на национално ниво.

„Можеме“: Зеленото движење во подем во Хрватска

Во Хрватска, која е членка на ЕУ од 2013 година, зелената коалиција „Можеме“ освои 116.000 гласови и со тоа седум места во Собранието на последните парламентарни избори во 2020 година. За споредба, само една година претходно, за време на изборите во 2019 година, со истата платформа освоија 20.000 гласови. Со други зборови, само 1.8 проценти од гласачите гласале за нив. На локалните избори во мај 2021 година, еден од лидерите на партијата, Томислав Томашевиќ, беше избран за градоначалник на Загреб. Нов тест за него и неговата платформа ќе бидат претстојните парламентарни и Европски избори, кои ќе се одржат следната година.

Овој напис се објавува еднаш неделно. Содржината се заснова на вести од страна на агенции-учеснички во енр.