Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Брисел – Новата Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година покажува дека проширувањето е јасен политички и геостратешки приоритет за Европската Унија, изјави денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос.  

– Многу од нашите земји кандидатки имаат амбиција да ги завршат преговорите во наредните години. Тие се наши најдоверливи партнери и ние ги поддржуваме колку што можеме, а новиот Мултифункционален финансиски план ја одразува таа реалност, истакна Кос. 

Таа посочи дека со следната буџетска рамка се предвидува значително зголемување на средствата за поддршка на земјите кандидати од сегашните 31 милијарди на 42,6 милијарди евра, што претставува раст за 37 отсто.  – Со поголем буџет можеме дополнително да го забрзаме темпото на реформите и инвестициите, што ги доближуваат земјите до членство во ЕУ, истакна Кос. 

Еврокомесарката нагласи и дека исплатата на овие средства ќе се базира на принципите на заслуги и на спроведувањето на обврските, првенствено предвидени со реформските агенди. 

Кос додаде дека доколку некоја од земјите кандидати ги заврши преговорите за членство за време на важноста на оваа буџетска рамка, со неа ЕУ ќе склучи пристапен договор, со кој ќе се регулираат нејзините обврски кон буџетот на Унијата. – Се на се, овој предлог за Мултилатералниот финансиски план е силна основа за реализација на процесот за проширување, заклучи Кос. 

Таа истакна дека се предвидува и на земјите кандидати да им се овозможи пристап до целиот сет алатки на инструментот „Глобална Европа“, што нема да биде само техничка помош, туку и поддршка за спроведување на реформите и инвестиции, што сигурно ќе им помогне да стигнат до својата цел. 

– Сакам да кажам дека проширувањето не ја прави ЕУ само поголема по бројот на квадратни километри и по бројот на луѓе. За мене тоа е многу повеќе. Туку станува збор за обединување на Европа, па затоа со зголемување на поддршката на сите оние кои вложуваат напорна работа за да ги исполнат условите за членство, ние сме на патот да ја обединиме нашата Европа, додаде Кос. (17 јули 2025) 

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.