Скопје – Планот за раст ни дава дополнителна сила и мотивација да не се откажуваме од европската иднина, за доброто на сите граѓани, порача pрвиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ.
Она што го баравме од Европската Унија, вели Маричиќ, конечно е извесно дека ќе се оствари откако Советот на ЕУ и Европскот парламент постигнаа согласност за предлогот на Европската Комисија за воспоставување на Инструментот за реформи и раст, односно Планот за раст за земјите од Западен Балкан.
– Ова претставува значаен чекор напред за Северна Македонија на патот кон ЕУ, како земја која веќе ги започна пристапните преговори и успешно ја заврши првата фаза односно скрининг процесот. Со други зборови Европската унијата се заложува да ја спроведе една од најголемите инвестициски стратегии за интеграција на регионот на Западен Балкан, преку заедничка соработка со вкупно две милијарди евра во грантови и летири милијарди евра во заеми, за помош во реформите поврзани со ЕУ и економското приближување до европскиот стандард, изjави Маричиќ.
Според него, овој чекор ја нагласува посветеноста за поддршка на усогласувањето на Северна Македонија со вредностите, законите и стандардите на ЕУ, со што значително ќе се забрза ефектот со сите социо-економски придобивки на нашиот пат кон полноправното членство во ЕУ. Инструментот ќе се реализира во периодот од 2024 до 2027, ќе го надополни постоечкиот Инструмент за претпристапна помош (ИПА III), значително зголемувајќи ја финансиската помош за партнерите во регионот.
MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.