Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје – Државата не треба да трпи никакви изнудувања во замена за членството во ЕУ. Вие добивате многу совети од вашите соседи, од меѓународната дипломатија, од ЕУ, но не се сите тие совети паметни, ниту корисни за вас… Вие сте тие, кои ќе одлучите што е важно за вас. Само немојте да бидете жртва на некаква уцена или изнудување, кога станува збор за вашето членството во ЕУ, порача хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на заедничката прес-конференција со претседателката Гордана Сиљановска Давкова во Скопје.

– Тука не мислам да полемизирам, ниту мислам на вашата соседна држава Бугарија, тие имаат свои идеи како тоа треба да изгледа. Правилата се јасни, треба консензус, треба едногласност. Се додека некој е против, Македонија за жал не може да напредува на тој пат. Единствено е прашањето дали тоа за вас и за вашите граѓани се уште е најважната работа на овој свет вредна во животот или има некои други работи кои може државата да ја дефинираат како успешна и реализирана заедница. Но, тука јас немам совет, тоа е ваша одлука, рече Милановиќ.

Хрватскиот премиер истакна дека на Северна Македонија треба да и се помогне, но не да се третира како посебен случај.

– Земјата никогаш не треба да се третира како посебен случај со посебни потреби, како земја со грешка, туку како земја која во моментов има одредени проблеми, затоа што некои други не се согласуваат со одредени работи до кои вие држите. Во ред, тоа на сила не може да се промени. Европското право и pacta sunt servanda, на кое се повикува професорката, е добро да се повторува, но ЕУ главно не функционира на тој начин. Хрватска е сведок на тоа, чисто да не живееме во илузија, но во ЕУ има и многу добри работи, но не се сите добри особено последните години и месеци, нагласи Милановиќ.

На новинарско прашање какви се неговите очекувања од договорот за воена соработка што Хрватска го склучи со Албанија и со Косово и дали може и земјава да биде повикана во овој договор за воена соработка, Милановиќ рече дека тоа е декларација потпишана од тројца министри за одбрана.

– Договорот за којшто зборувате не е договор, туку декларација или меморандум којшто го потпишаа тројца министри. Тоа е меморандум којшто пригодно го потпишаа тројца министри за одбрана, од кои двајца на земји членки на НАТО – на Хрвстска и на Албнија и на Косово, нам пријателска држава која за жал се уште не е призната од сите земји членки на ЕУ и на НАТО, и не е примена во ОН. Значи ова не е договор, но е на тратекторијата на хрватската надворешна политика. Jас го поддржувам овој договор и сакам да ги смирам соседните држави, да речеме Србија, да немаат никакви проблеми со тоа, одговори Милановиќ. (7 мај 2025) 

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.