Скопје – Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски смета дека сега е беспредметно да се испраќа писмо до Европската Унија затоа што се она што требало да биде содржано во писмото веќе е разговарано со лидерите од ЕУ и со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен која во четвртокот беше во посета на земјава.
Премиерот рече дека позицијата на земјата е јасна – уставните измени да стапат во сила. откако бугарскиот Парламент ќе го ратификува Пристапниот договор на нашата држава за влез во Европската унија.
– За да почне процесот на уставните измени потребно е она што ние го предлагаме да биде прифатено, а тоа е кога бугарскиот Парламент ќе го рафитикува Пристапниот договор на нашата земја во рамките на Европската унија, да важат тие уставни измени. Мислам дека е тоа фер решение за сите. Друг тип на уставни измени додека сум јас премиер нема да има, ултиматуми и диктати нема да прифаќам, рече Мицкоски.
За вонредните парламентарни избори во Бугарија, Мицкоски рече дека не би можел да идзвои кој би бил подобар соговорник, но дека логично е дека сака да победи партијата на Борко Борисов со која се дел од Европската народна партија. (26 октомври)
MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.