Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје – Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека уште при неговата минатонеделна посета на Брисел било најавено дека Албанија најверојатно ќе ги почне преговорите и ќе се одвои од земјава, но нагласи дека тоа е лоша порака кон македонските граѓани, бидејќи државата во, како што рече над дводецениски пат кон интеграција во ЕУ сторила многу работи, повеќе од која било кандидатка или актуелна членка, а кои најчесто немаат никаква врска со Копенхагенските критериуми. Тој и посака многу успех на соседна Албанија брзо да го заврши преговарачкиот процес и како, што рече, можеби еден ден „нашите патишта повторно ќе се сретнат по таа траекторија кон полноправно членство во ЕУ“. 

– Ние сме единствениот случај во кој билатерални договори се услови во Преговарачка рамка. Жалам што претходната Влада егизбиционистички прифаќаше се, мафташе со европско знаме додека го ограбруваше сопствениот народ. Гледаме дека состојбата е таква каква што и го делам впечатокот со огромен број македонски граѓани дека не треба повеќе на сметка на национални отстапки, идентитетски остапки без гаранции да прифаќаме услови, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот нагласи дека сегашната поставеност на работите во однос на нашето членство е диктат и оти тој својот став го пренел и на средбите во Брисел. – За мене ова е диктат, ако ова е условот за Македонија да продолжи да преговара, тогаш, тоа го кажав и во Брисел, – не благодарам. Тоа не се европските вредности во кои мојата генерација се вљуби, а тоа се оние вредности, кои ги дефинирале Аденауер, Дегаспери и Шуман и затоа ја споделив идејата, ајде да разговараме, немојте со диктат, не не условувајте со диктат, јас сакам да разговараме колку е потребно да најдеме решение, очигледно сега немаме решение, нагласи Мицкоски.

Тој направи паралела меѓу уставните амандмани од Преспанскиот догоовр и додаде дека како што тие влегоа во сила откако Грција го ратификуваше претпристапниот Протокол за членство на земјава во НАТО, тоа да важи и за сегашната промена на Уставот.

– Еве ќе ја завршиме процедурата, имаме 80 пратеници, но амандманите што ќе ги поминеме нека важат и да бидат ефективни кога Бугарија ќе го ратификува пристапниот протокол за наше членство во ЕУ, рече Мицкоски. (26 септември)

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.