Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје – Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Минхен оствари средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, на која се разговарале за европските интеграции, за напорите и отстапките кои беа направени на тој план, како и за потребата да се отворат вратите на ЕУ. 

Како што соопштија од Владата, Мицкоски посочи дека земјава заслужува да оди напред и конечно да не биде заложник на билатерални спорови и препреки, какви имаше и во минатото многу. 

– На тој план Македонија направи многу и Европската Унија мора да покаже подготвеност тоа да го вреднува тоа на вистинскиот начин, преку динамизирање на процесот на преговори со Европската Унија, истакна Мицкоски. 

Тој посочи дека Владата е силно посветена на судските реформи, испорачување на правдата и борба против организираниот криминал за што е потребна поддршка и мобилизација на сите општествени чинители. Мицкоски посочи дека првенствена цел е борба за стандардот на граѓаните и подобар живот, што ќе се постигне преку иновации, инвестиции и силно образование. 

Средбата се одржува на маргините на Минхенската безбедносна конференција, каде се собираат политички лидери од светот и каде ќе се дискутира за важни европски и светски предизвици. Свое обраќање ќе има и македонскиот премиер. (14 февруари) 

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.