Скопје – Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во подготовка е писмо до ЕУ со нови идеи за решение како да продолжи преговарачкиот процес за членство на државата во Унијата, кое ќе биде достоинствено и согласно националните интереси, повторувајќи оти не прифаќа диктати.
– Писмото до ЕУ е во подготовка, пред да го испратам сакам да имам појасна слика до каде сме и што можеме да направиме, изјави Мицкоски.
Во врска со информациите во дел од медиумите дека Орбан „ќе ги седне на маса“ него и бугарскиот претседател Радев за време на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта следниот месец, Мицкоски рече дека нема информации за таква средба, но оти е подготвен да седне и да разговара.
– Јас немам таква информација, ниту знам за таква средба. Но, доколку постои иницијатива за таква средба и на 7 ноември и на 17 октомври и на 27 октомври, јас сум подготвен да седнам и да разговарам. Не мора да биде тоа Будимпешта, може да биде каде било, да седнеме да разговараме и да најдеме решение кое ќе биде решение на долг рок и кое ќе гарантира Копенхашки критериуми, ќе гарантира права, ќе гарантира успех во процесот на преговори, рече Мицкоски. (14 октомври 2024)
MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.