Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје – Динамиката на спроведување на раформската агенда од Планот за раст за земјава е добра, но не е доволна, оцени министерот за европски прашања Орхан Муртезани на денешната презентација на мерките од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024-2027 за Северна Македонија на заедничката прес конференција во Владиниот медиа центар со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас. 

Муртезани на новинарско прашање истакна дека согласно Реформската агенда која е донесена во Брисел за сите реформи кои нема да се исполнат во одредениот рок, стапува во сила автоматски грејс период од 12 месеци, но нагласи тоа за нас не треба да биде олеснителна околност, бидејќи за секој период има дополнителни реформи и ако ние не ги спроведуваме на време тие ќе се соберат, што на крај би значело, вели, дека нема успешно да ги реализираме.

– Засега нема таков фидбек од процесот на имплементација. Според мене како национален координатор, процесот на имплементација е задоволителен, но треба дополнително да се засили бидејќи ако до декември имавме само пет реформски чекори, до јуни имаме 16, а до крај на годината 45. Плус не е само Реформската агенда, има и други процеси кои се предмет на реформи во државата, така што тие сите треба да одат паралелно и да се почитуваат временските рокови, нагласи Муртезани.

Прашан дали е можно доколку се доцни со реформите овие средства од Планот за раст во вкупна вредност од 750,4 милиони евра да ни бидат одземени со оглед на искуството од користењето на ИПА фондовите, Муртезани нагласи дека од почетокот на неговиот мандат апелирал за јакнење на капацитетите на државата за користење на ИПА фондовите, и дека ако не се посветиме со конкретни чекори истото може да ни се случи и со Реформската агенда од Планот за раст.

-Јас како министер имам агенда за спроведување на овие активности и ова ги надминува проблемите што ги имавме со ИПА. Сега за сега имаме јасен сигнал дека динамиката на имплемнтација е навистина добра, но не е доволна, бидејќи треба да се зголеми бројот на реформите.

На прашањето каде мисли дека најмногу доцниме со реформите, во која институција и која е најслабата алка, Муртезани кажа дека во секторот правосудство реформите одат малку поотежнато, побавно и оти се надева дека ќе добијат на динамика. (28 март 2025)

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.