Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје – Напредокот на државата во процесот на европска интеграција, идните чекори во пристапниот процес, како и можностите за зајакнување на соработката со Европскиот парламент, беа главни теми на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со постојаниот известувач на Комитетот за надворешни работи на ЕП за Северна Македонија, австрискиот европратеник Томас Вајц.

– Ја истакнав цврстата посветеност на Владата за напредок на европскиот пат преку спроведување стабилен реформски процес во клучните области, зајакнување на економските капацитети и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Дополнително, се осврнав на добрососедските односи, нагласувајќи ја нашата заложба за нивно постојано унапредување врз основа на принципите на меѓусебна почит и градење доверба, напиша Муцунски на Фејсбук. 

Министерот Муцунски се заблагодарил за досегашната работа на Вајц и отворената соработка во насока на промоција на евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.

– Двајцата соговорници го нагласија значењето на одржување конструктивен дијалог со Европскиот парламент на сите нивоа, како и потребата од продлабочување на соработката, со цел унапредување на заедничките интереси и обезбедување континуирана поддршка за европската перспектива на земјата, се наведува во соопштението од Министерсвото за надворешни работи и надворешна трговија. (26 февруари) 

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.