Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје – Софија е влезена во многу опасен наратив, кој е во спротивставност со стратешките интереси и на ЕУ и на НАТО, а кој одговара на трети страни кои сакаат нестабилност во регионот, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. 

– Сакам да ја повикам Софија да се однесува рационално, да не биде заглавена во ретроградните наративи кои што за жал одредени кругови во таа држава историски наназад ги граделе по однос на македонското прашање. Ние не сме избрани од нашите граѓани и немаме легитимитет да судиме и анализираме, тоа е работа на историчарите и академиците. Ние сме избрани да носиме раст и развој. Она што го прави Софија во последниот период, оној експлицитен обид од кој стравуваме и на кој со сите наши силе се спротивставуваме за редефинирање на нашиот идентитет е ретрограден, не му користи на регионот и на народите на двете земи, кои за жал поради таквиот однос се повеќе се оддалечени едни од други, рече Муцуснки. 

Тој не смета дека во земјава постои говор на омраза, и како што рече, доколку некој за таков ја смета потребата од афирмација на македонскиот јазик и идентитет, тогаш проблемот е поголем и од она што ние мислиме дека го имаме како проблем.    

Муцунски истакна дека кај огромно мнозинство земји во ЕУ има силно разбирање за длабоките фрустарации на македонскиот народ и македонската држава на нашиот евроинтегративен пат, како и свест и за тоа дека она што и случува на нашата држава не придонесува за легитимитетот на полтиката на проширување, која историски гледано знаела да биде најтрансформативната политика.

– Ние сакаме пат напред кон ЕУ. Да дискутираме за компромис, но сакаме да дискутираме и за предвидливост односно гаранции по хипотетичко согласување за некој компртомис. Затоа велиме имаме неколку многу јасни црвени линии од кои нема да отстапиме. Тие се поврзани со примарно со јазикот, со идентитетските обележја, истакна шефот на дипломатијата. 

Тој смета дека изгласувањето Извештајот за земјава во АФЕТ е историски, но не и момент за триумф, како и дека не се знае каков ќе биде извештајот што ќе биде усвоен во Европскиот парламент.

– Тука треба да бидеме искрени, и затоа тоа го кажав претходно. Ние не сме земја членка на ЕУ. Како што не сме претставени во извршниот дел на ЕУ, така не сме и во законодавниот дел. Знаеме добро, немаме европратеници внатре. Но, истовремено факт е дека имаме комуникација со многу наши пријатели, пријатели на регионот, пријатели на Европа, бидејќи секој којшто сака успех на нашиот пат кон полноправно членство, на крајот на денот е пријател на Европа. Тоа е процес којшто е значен за нас, и за самата ЕУ за затворање на тој вакум којшто постои од гледна точка на Западен Балкан, рече Муцински. (27 јуни 2025) 

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.