“`html
Успешната имплементација на реформата во правосудството и правилното функционирање на правосудниот сектор преку соработка и проширен меѓуинституционален мониторинг останува приоритет на ЕУ во Албанија.
Високи претставници на делегацијата на Европската Унија во Албанија учествуваа во презентацијата на новиот нацрт-стратегија за Правосудство 2024-2030, подготвена од албанското Министерство за правда, во тесна соработка со другите правосудни институции.
Стратегијата има за цел да се усогласи со приоритетите на интеграција на земјата во ЕУ и нуди визија за тоа каде сака да биде албанското правосудство во следните седум години, адресирајќи важни прашања како ефикасноста, квалитетот, пристапот до правда и транспарентноста.
Според албанскиот министер за правда, Улси Мања, стратегијата ги адресира наодите и препораките од мониторинг-извештаите, како и сите препораки во рамките на процесот на преговори за членство во Европската Унија.
„Имплементацијата на Стратегијата ќе бара тесна соработка и координација меѓу различните вклучени институции, со целосно почитување на независноста на судството. Ова е исто така валиден принцип за имплементација на реформата во правосудството воопшто, кој олеснува ефикасно координирање и соработка“, рече Андре Рицо, Шеф на Политичкиот сектор, Делегација на ЕУ во Албанија. (18 октомври)
“`