Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје, – Никој не е наивен да влегува во играта на Бугарија на бескрајни условувања и вета, но проблемот е малку поголем од тоа што се претставува во јавност, а тоа е стратешката одлука на големите земји – членки која е таква повеќе од десет години да нема проширување, вели вицепремиерот и министер за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

– Користа од чекањето е зачувување на националната гордост. Никој не е наивен да влегува во играта на Бугарија на бескрајни условувања и бескрајни вета. Ако е ова последно да разговараме, а ако не е последно не сме наивни уште еднаш да страдаме и да имаме проблеми. И мислам дека јас многу често сум зборувал за ова во јавност и стојам позади тоа дека проблемот е малце поголем од тоа што се претставува во јавност, а проблемот е стратешката одлука на големите земји членки која што, за жал, е таква повеќе од десет години да нема проширување. Последниот политичар којшто беше чесен во однос на процесот и овие другиве коишто се нечесни беше исправен е Жан Клод Јункер којшто беше претседател на ЕК. Тој беше доволно чесен да ни каже на сите дека проширување нема да има, вели Николоски во гостувањето во „Само интервју’’ на Канал 5 телевизија прашан што добиваме како држава со тоа што во моментов не влегуваме во формални преговори со ЕУ.

Тој при тоа укажа на состојбите со другите држави кои се во процес на пристапување во ЕУ. – На Србија гледате што и се случува. Србија доби вето. За Албанија, Грција веќе најавува вето. Црна Гора преговараат, заборавивме од кога. Турција преговара, заборавивме од кога. Се е јасно, смета Николоски.

Во мандатите на претходните двајца еврокомесари за проширување немаше прием на нови членки, а не е уверен ниту во ветувањата на новата еврокомесарка Марта Кос дека ЕУ за првпат има реален пристап со кој до крајот на мандатот на сегашната Европска комисија би можеле да бидат донесени една или повеќе земји кандидати за членство. (12 декември)

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.