Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје – Дали Извештајот за Северна Македонија на Европскиот Парламент (ЕП) ќе се усвои оваа недела или следната, не менува ништо, бидејќи тоа се историски работи кои остануваат непроменети, вели вицепремиерот Александар Николоски во однос на Предлог-извештајот за земјава, чие усвојување во средата беше презакажано за 24 јуни.

– Тоа е голем историски чекор. Нашата позиција станува афирмирана и призната и тоа е нешто за поздравување, иако имаме голем и долг пат пред себе, изјави Николоски. 

Според него, од вистината не се бега и прашање е само на време кога таа ќе излезе на виделина, а како што нагласува, во европските институции полека излегува.

– Извештајот е коректен, нема ништо што е надвор од вистината или што не соодејствува на реалноста и само го потврдува она што сите го знаеме, а тоа е дека Македонија и македонските граѓани не се случајни, не се вештачки насадени на Балканот, туку имаат долга и вековна традиција која што на сите ние е позната. Одредени други сакаат да ја негираат и да речат дека тоа не е така, но и оваа вистина излезе, вели Николовски.

Годините на претходната Влада, според него, беа години на национално понижување, години кои никој не смее да ги заборави.

– Тие години треба да се потсетник и предупредување за да не ни се случат истите работи во годините пред нас, за да не ни се појават анационални ликови кои би имале клучни позици или би не воделе. Сега има Влада која е патриотски насочена и која ги брани националаните интереси, истакна вицепремиерот Николоски. (6 јуни 2025) 

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.