Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Брисел – Од 1 април 2025 година сите патни и железнички превозници што влегуваат во ЕУ ќе треба да поседуваат целосна влезна збирна декларација (ЕНС) со детали за стоките што ги внесуваат во Унијата или ги превезуваат преку нејзина територија до крајната дестинација. 

Ваквата одредба стапува во сила во рамки на измените во Системот за контрола на увозот 2 на Европската Унија (ИЦС2), со што од 1 април одредбите од него ќе се однесуваат и на железничкиот и патниот транспорт, со што ќе бидат опфатени сите видови на транспорт. 

Системот ИЦС2 има за цел да ја зајакне безбедноста и сигурноста на стоките што влегуваат во ЕУ, преку спроведување на стандардизиран царински процес пред нивното пристигнување на територијата на Унијата. Сега со него се опфатени само воздушниот, поморскиот и внатрешниот воден транспорт, а од 1 април тој се проширува и на превозот по патишта и со железница.  

Обврската за поседување на ЕНС сертификат ќе се однесува и на вршителите на поштенски и логистички услуги кои го користат патниот транспорт или железницата. Во одредени околности, податоци за ЕНС до ИЦС2 системот ќе треба да достават и крајните примачи на стоките чие седиште е во ЕУ. 

Ваквата мерка се воведува со цел преку проверка на декларацијата ЕНС, царинските службеници да имаат целосен увид во стоките што се внесуваат во ЕУ и да можат да ги проценат ризиците поврзани со нив. На овој начин се зајакнуваат напорите на ЕУ за спречување и борба против царинските прекршоци и за создавање побезбеден и посигурен трговски амбиент. (25 февруари) 

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.