Копенхаген – До илјада жени и деца повредени или болни наскоро ќе бидат евакуирани од Газа во земји на ЕУ, објави директорот за Европа на Светската здравствена организација (СЗО) во интервју во понеделникот за АФП, инсистирајќи на потребата од одржување на дијалогот со завојуваните страни.

Израел се обврзува на околу „1.000 дополнителни медицински евакуации кон Европската унија во текот на наредните месеци“, рече Ханс Клуге, нагласувајќи дека евакуациите ќе бидат олеснети од неговата канцеларија, во соработка со вклучените земји и Европската унија.

Од октомври 2023 година, СЗО веќе помогна да се организираат околу 600 медицински евакуации во седум европски земји.

„Ова никогаш не би се случило ако не го одржавме дијалогот“, инсистираше белгискиот лекар од 55 години. „Истото важи и за Украина“.

“Навистина треба да се потрудиме да не ја политизираме здравството”. (21 октомври 2024)