Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје – Кога две држави имаат заедничка желба и заеднички цели наоѓаат време за посети и заедничка соработка во сите сфери, со цел да се подобри животот на нивните граѓан, изјави албанската министерка за Европа и надворешни работи Елиса Спиропали на денешната заедничка прес-конференција во Скопје се македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.  

– Географијата не постави како соседи, историјата не научи да бидеме пријатели, а економијата двете земји не прави партнери, реле Спиропали.

Таа нагласи дека европската интеграција е приоритет број еден на надворешната политика на Албанија, но и на албанскиот народ и за земјата е големо постигнување што за 13 месеци отворив 34 поглавја во преговорите, особено во делот на правото, борбата против корупцијата и почитувањето на малцинствата.

– Уште еднаш се покажа дека нашиот пат е вистинскиот и дека европската иднина на Албанија е неодвоива од траекторијата на Западен Балкан. Овој процес не го гледаме како натпревар меѓу земјите кандидатки, туку како пат, кој го одиме заеднички, дестинација која е незибежна и приородна припадност на нашите народи, посочи Спиропали.

Таа нагласи дека Албанија силно го поддржува на македонскиот европски пат и тоа не само затоа што двете земји се партнери и делат заедничка иднина, туку и затоа што Северна Македонија со јаки институции значи сигурност за целиот регион. (22 декември 2025) 

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.