Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Брисел – Европските перспективи на земјата, заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната беа главни теми на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и еврокомесарката за проширување Марта Кос во Брисел. 

На средбата е потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, на континуитетот во реформските процеси, како и на носењето на законите што се составен дел од пристапниот процес. 

Како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, еврокомесарката Кос на средбата изразила поддршката за македонскиот европски пат и го поздравила континуитетот во реформите и фокусот на Владата по локалните избори. 

Муцунски присуствувше и на неформалната вечера што за шефовите на дипломатиите на шесте земји кандидати и потенцијални кандидати за членство во Унијата од Западниот Балкан ја организираше високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.  

За утре е предвидено, Муцунски заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски ќе имаат средба со еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт, Глен Микалеф. (19 ноември 2025)

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.