Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје – Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Министерството за одбрана остварил средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас.

Како што објави на фејсбук министерот Мисајловски, на средбата се разговарало за актуелната безбедносна состојба во регионот и Европа и за заедничките активности кои ги преземаме за одржување на мирот и стабилноста.

Мисајловски упатил благодарност за успешната соработка и поддршка која Европската Унија ни ја дава за развој на одбранбените капацитети. (21 мај 2025)

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.