Скопје – Северна Македонија е единствена заемја од регионот на Западниот Балкан, чии субјекти кожат да учествуваат на објавениот конкурс за доделување на 600 милиони евра за финансирање на еколошки проекти во рамки на програмата #EULIFE25.
По тој повод првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија, Изет Меџити денеска ја повика домашната академска заедница, локалните самоуправи, научните и образовни институции, приватниот сектор и здруженијата на граѓани, да ја искористат оваа прилика и да аплицираат директно за некој од отворените повици, со цел зелените идеи да се претвараат во конкретни проекти поддржани од ЕУ.
LIFE Програмата поддржува проекти во четири клучни области: заштита на природата и биодиверзитетот, циркуларна економија, климатска акција – ублажување и адаптација и чиста енергија и одржливи извори.
– Вашите идеи, визии и иницијативи за одржлива иднина сега можат да бидат поддржани со значителни европски средства, напиша Меџити на социјалните мрежи.
За да се биде дел од програмата заинтересираните треба да се регистрираат за следење на виртуелните #EULife25 инфо денови од 13 до 15 мај, каде што имаат можност да добиваат совети и насоки за пополнување на апликациите директно од европските експерти. (6 мај 2025)
MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.