Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје – Македонското Собрание ги усвои измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации, со што се прави дополнителен исчекор во спроведувањето на Реформската агенда и во целосното усогласување на националната регулаторна рамка со законодавството на Европската Унија во областа на електронските комуникации.

Европската Унија, преку визијата за „Дигиталната декада 2030“, постави цели за целосно дигитално поврзано општество, вклучително гигабитна инфраструктура и 5Г покриеност за сите населени места.

Според Министерството за дигитална трансформација, за земјите опфатени со процес на пристапување, меѓу кои и Северна Македонија, ова бара континуирано регулаторно усогласување и создавање услови за значајни инвестиции во мрежи со многу висок капацитет.

Со усвоените измени се врши допрецизирање на одредби од Законот, согласно укажувањата и коментарите добиени во процесот на усогласување, со цел да се надминат идентификуваните „хармонизациски празнини“ и да се обезбеди постабилна, попредвидлива и европски компатибилна рамка за развој на секторот. (30 декември 2025)

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.