Брисел – Европската комисија е попосветена од кога било досега за да го претвори проширувањето на ЕУ во реалност, бидејќи поголема Унија значи посилна и повлијателна Европа на глобалната сцена, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по повод објавувањето на годишниот Пакет за проширување, кои ги содржи извештаите за напредокот на земјите кандидати за членство на нивниот патк кон ЕУ.
– Но, проширувањето мора и ќе остане процес базиран на заслуги. Нашиот пакет дава конкретни препораки за сите наши партнери и на сите нив им велиме: Пристапувањето кон ЕУ е единствена понуда. Ветување за мир, просперитет и солидарност. Со вистински реформи и силна политичка волја, сите вие можете да ја искористите оваа можност, истакна Фон дер Лајен.
По повод објавувањето на извештаите, Европската комисија порача дека доследноста и следењето на пристапот базиран на заслуги е клучно за успешно пристапување кон ЕУ и дека овогодинешниот пакет потврдува дека моментумот за проширување е високо како приоритет на агенда на ЕУ.
ЕК потенцира дека потврдува оти пристапувањето на нови земји членки е се повеќе достапно, а извештаите претставуваат сеопфатна оценка на напредокот постигнат од партнерите за проширување во текот на изминатите 12 месеци.
– Црна Гора, Албанија, Украина, Република Молдавија, Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Турција и Грузија ги продолжуваат своите соодветни патишта кон ЕУ. Темпото на нивните реформи, особено во областите на демократијата, владеењето на правото и основните права, директно влијае на брзината на пристапувањето, се наведува во соопштението. (4 ноември 2025)
MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.
