Брисел – Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен ќе го посети Западниот Балкан од среда, главна порака е посветеноста на ЕУ за европската интеграција на регионот, јави дописничката на МИА од Брисел.
-Оваа посета се разбира се одвива во посебен контекст, кој е контекст на последователни кризи, прво ковид, а сега војната во Украина и нејзините последици, рече Мамер.
Како што и самата најави минатата недела еден дел од помошта во областа на енергетската криза ќе биде вклучувањето на земјите од ЗБ за заедничко купување на енергенси со земјите од ЕУ. -Пораката е солидарноста на ЕУ со регионот, ангажман преку програми кои имаат за цел да се поттикнат инвестиции и волја да се продолжи да се соработува, рече портпаролот.
Во однос на барањето на Северна Македонија да добие помош од ЕУ за набавка на струја од Бугарија преку компензација на пазарната цена, Ерик Мамер изјави дека нема информации на оваа тема во овој момент. (24 октомври)
Северна Македонија го има најголемиот пакет на фискален одговор за кризата во Западен Балкан
Скопје – Северна Македонија има најголем пакет на фискален одговор за кризата од сите шест земји во Западен Балкан во смисла на поддршка што се дава на фирмите и домаќинствата, изјави Сања Маџаревиќ – Сујстер, виш економист на Светска банка и главен автор на редовниот извештај за земјите од Западен Балкан.
– Ако се погледнат цените на електрична енергија, на гас, и понатаму се конкурентни, делумно заради тоа што се субвенционирани. Ако Владата не плаќа субвенции тогаш ќе плаќате многу повисока цена што е дел од фискалните напори да се олесни влијанието на кризата. И краткорочно мислам дека ова е начинот да се оди понатаму, истакна таа.
Истакна дека вториот пакет на поддршка треба да биде за најранливите домаќинства. Но, вели, има владини реформи што не чинат многу пари, но им треба политичка заложба и имплементација.
Според неа, дури и реформите на образовниот сектор ќе бидат од критична важност за Северна Македонија, но некој треба да започне со тој процес. (24 октомври)
Потпишан договорот за набавка на системот за противвоздушна одбрана од Франција
Скопје – Едногласно членките на Алијансата упативме порака дека ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина во одбраната на нејзината територија, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска и порача дека Алијансата е подготвена да гарантира за секоја педа од територијата на секоја НАТО држава членка.
Во однос на испраќање дополнителна воена опрема за Украина, рече дека во тек се разговори за тоа што дополнително можеме да помогнеме и доколку се донесе одлука јавноста ќе биде информирана. Истакна дека остануваат на ветувањето дека согласно анализите ако се намалат безбедносните ризици или се отстранат, во детали ќе соопштат каков вид воена опрема и донација сме донирале.
– Станува збор за оружје кое согласно нашите документи е декларирано за неперспективно, неупотребливо за нашата армија и од тие причини е истото дадено. Тоа значи дека украинските власти го побарале од нас и одговара согласно нивните потреби, одговори Петровска за тоа дали со испраќањето на воена опрема за Украина се нарушува ефикасноста на Армијата. (22 октомври)
Оваа компилација претставува избор на уредникот од вестите на МИА поиврзани со Европа. МИА е одговорна за уредувањето за оваа публикација. Се објавува секој понеделник и четврток.